Вучиќ ги одби барањата на студентите, кои блокираат: Србија не прифаќа ултиматум - Канал 5

Вучиќ ги одби барањата на студентите, кои блокираат: Србија не прифаќа ултиматум

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред утрешните протести, на кои повикаа студентите во блокада, изјави дека „Србија не го прифаќа ултиматумот“.

Вучиќ ги одби барањата на студентите, кои блокираат: Србија не прифаќа ултиматум

„Српската држава многупати се соочуваше со ултиматуми од странски големи сили. И овојпат, странските сили ни испратија ултиматум преку домашни послушници. Одговорот на српската држава беше секогаш ист... Ултиматумот не е прифатен, не мора да чекате до 21 часот утре“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека властите биле подговтвени да разговараат со сите, но тоа било протолкувано како слабост.

Вучиќ ги повика „сите млади луѓе да ја спасат Србија“, и додаде дека е добро што утре е Видовден бидејќи „тогаш се ќе се види“.

Пред протестот закажан во Белград за 28 јуни, кој го свикаа студентите, со две барања - властите да распишат вонредни парламентарни избори до 21:00 часот в сабота,

Второто барање е да се запре собирот во центарот на Белград - каде што противниците на блокадите, кои се нарекуваат себеси „студенти кои сакаат да учат“, кампуваат во изминатите три месеци. Тие истакнаа дека, доколку тие барања не бидат исполнети до 28 јуни во 21 часот, очекуваат „дека граѓаните ќе бидат подготвени да ги преземат сите постоечки мерки на граѓанска непослушност“.

Студентите во блокадата истакнуваат дека со своите досегашни постапки покажале дека се против секаков вид насилство.

Властите тврдат дека ќе спречат какво било насилство на митингот.

Во изминатите два дена беа приведени лица кои се осомничени за наводно планирање насилства (седуммина од кои петмина во притвор и двајца во домашен притвор).

Компанијата „Србијавоз“ попладнево ги откажа сите поаѓања на патнички, откако добиле дојава за „поставени експлозивни направи“.

По студентите и активистите од Србија, денеска беше приведен и црногорскиот режисер Данило Маруновиќ, и по информативниот разговор во Безбедносно-информативната агенција (БИА), му беше наредено да ја напушти земјата. Вечерва Црногорскиот народен театар треба да изведе претставата „Господа Глембаеви“, чија режија е на Маруновиќ. Објавија дека - „Вечерва играме за слобода на мислата, слобода на говорот, слобода на играта.

Групата луѓе кои се нарекуваат себеси „студенти кои сакаат да учат“ ќе организираат литературна вечер во Пионирски парк истиот ден, на која меѓу другите, ќе учествува и Драгослав Бокан, избран пред неколку денови за претседател на Управниот одбор на Народниот театар во Белград и основач на паравоената формација „Бели орли“ од војните во 90-те години, јавија белградски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетници

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.

Уапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.

Маж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременост

Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица.

Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна.

Парот пронајден ранет во спалната соба

Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба.

Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела.

Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови.

Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство

Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје.

На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција.

Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите.

Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

Со оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..

Со едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на Украина

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер