БалканВучиќ: Државите на Квинта итно да спроведат мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на Србите- Се надевам дека ќе успеете да го вразумите Курти да ги повлече своите сили и личните градоначалници од Северот, рече Вучиќ на средбата со претставниците на Квинта,.Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со амбасадорите на земјите на Квинта од САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ и побара „итно да донесат и да спроведат одредени мерки кои би ја гарантирале безбедноста на Србите на Косово, што е предуслов за какви било понатамошни разговори со претставниците на властите во Приштина“. Исто така, побара Албин Курти да ги повлече своите специјални единици, бидејќи „Србите никогаш нема да ја прифатат неговата окупација“, јави дописникот на МИА од Белград. - Се надевам дека ќе успеете да го вразумите Курти да ги повлече своите сили и личните градоначалници од Северот, рече Вучиќ на средбата со претставниците на Квинта, соопштија од прес-службата на претседателот на Република Србија. Вучиќ изрази големо незадоволство и силна загриженост поради фактот што дел од меѓународната заедница продолжува да ги толерира едностраните потези на Приштина, кои водат до насилство врз српската заедница, што резултира со намален број опции кои би можеле да доведат до постојан мир и стабилност во регионот. Српскиот претседател ги информирал соговорниците за вистинската хронологија на настаните во текот на вчерашниот ден во кој беа повредени голем број припадници на српската заедница, „кои се собраа да го изразат своето незадоволство од упадот на нелегалните сили на Курти во српските згради, но и поради намалената доверба во КФОР кој и покрај дадените гаранции не ги заштити Србите и не го спречи незаконското и насилно преземање на општините“. Тој потсети дека навремено и упорно предупредувал за ваквиот развој на ситуацијата, како и за последиците кои можат да доведат до неказнивост на институциите во Приштина, кои не само што не ги исполнуваат своите обврски, туку и редовно преземаат еднострани насилни дејствија против српската заедница на Косово и Метохија, со бројни и чести инциденти, кои резултираа со повреди, тепања, малтретирање и отворена дискриминација на Србите. Вучиќ рече дека е „крајно време дел од меѓународната заедница конечно да реагира остро, јасно и недвосмислено на политиката на приштинските институции и да ги заштити Србите од се посилните притисоци и бруталното насилство што се врши пред очите на сите механизми, чија улога, меѓу другото, таа заедница да ја штитат“. Српскиот претседател изрази жалење за повредените војници на КФОР, но посочи дека се повредени многу поголем број Срби, дека против нив било употребено огнено оружје и голема физичка сила, иако од самиот почеток пружиле ненасилен отпор. Вучиќ додаде дека во сегашната ситуација од клучно значење е зачувувањето на мирот, но и дека најважна е безбедноста на српската заедница на Косово и Метохија, како и дека во оваа смисла очекува земјите од Квинта, кои имаат најголемо влијание врз Приштина, итно да усвојат и спроведат одредени мерки кои би ја гарантирале безбедноста на Србите на Косово, што е предуслов за каков било понатамошен разговор со претставниците на привремените институции во Приштина. Тој нагласи дека Србија ќе ја продолжи комуникацијата со претставниците на НАТО/КФОР со надеж за зачувување на мирот и стабилноста. Амбасадорите на Квинта и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија изразија загриженост за ескалацијата на насилството и нападите врз војниците на КФОР. Тие побараа враќање на дијалогот за да се најде политички излез од ситуацијата, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook