БалканВучиќ: Автопатот на мирот ги поврзува Србите и АлбанцитеВучиќ на отварањето рече дека во рамките на Берлинскиот процес во 2014 година разговарал со тогашната германска канцеларка Ангела Меркел за поврзување на Приштина и Ниш по автопат и посочи дека Приштина не е заинтересирана за тоа.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со амбасадорот на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре денес ја отворија за сообраќај првата делница од автопатот Е-80, Автопатот на мирот, кој треба да ја поврзр Србија преку Ниш и Мердаре со Приштина, Тирана и пристаништето Драч, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ ја отвори првата делница Ниш-Мерошина долга 5,5 километри од вкупно 77 километри колку треба да ги изгради Србија, што е финансирано од Инвестициски грант WBIF од 40,6 милиони евра предвиден за Западен Балкан и заем од ЕБОР и ЕИБ во износ од 185 милиони евра. Вучиќ на отварањето рече дека во рамките на Берлинскиот процес во 2014 година разговарал со тогашната германска канцеларка Ангела Меркел за поврзување на Приштина и Ниш по автопат и посочи дека Приштина не е заинтересирана за тоа. -Мислам дека е многу важно да се поврземе со нашата Грачаница, но и со Приштина, Тирана, Драч. Ова ја олеснува нашата работа и напредок, увоз и извоз на стоки и услуги, рече Вучиќ и додаде дека Србија може да изгуби многу повеќе од Косово. Тој рече дека е „горд што автопатот ќе не поврзе и со Србите и со Албанците на Косово и Метохија, и со Албанците во Приштина и со Србите во Грачаница и со Албанците во Тирана“. Амбасадорот на ЕУ во Белград, Емануеле Жиофре рече дека овој автопат ќе биде столб на регионалната патна мрежа, дека треба да биде пат на мир, стабилност и помирување. -Патот е првенствено транспортна рута, но и поврзување на луѓето во регионот. Сакаме патиштата да бидат симбол на мирот и стабилноста во регионот. Овој пат ќе го поврзе југот на Србија со западнобалканската мрежа и ќе овозможи слободен проток на луѓе, стоки и капитал, од Ниш преку Приштина до Тирана и пошироко, рече Жиофре и додаде дека „изградбата на овој пат е дел од пошироката слика на економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан, наменет за инфраструктурни проекти чија цел е да се мобилизираат 30 милијарди евра до 2027 година“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook