Второто полугодие почна со бојкот на дел од матурантите - Канал 5

Второто полугодие почна со бојкот на дел од матурантите

Со бојкот на наставата на матурантите, почна второто полугодие од учебната година. 

Второто полугодие почна со бојкот на дел од матурантите

Според информациите од Сојуз на средношоколци, онлајн наставата денеска ја бојкотирале матуранти од 20 града низ земјава, кои не се откажуваат од барањето да се намали бројот на предмети за полагање државна матура од 4 на 2..

Бојкотот ќе продолжи следнава недела, а доколку не се прифатат нивните барања ќе размислуваат и за протести.

Министерката Мила Царовска тврди дека само во една гимназија во Скопје има поорганизиран бојкот, а сите други се мали изолирани групи во дел од гимназиите. Царовска повтори дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми.

За моментална ситуација со бојкотот на матурантите прашавме во некои од скопските гимназии. Директорот на гимназијата „Орце Николов“ вели дека само еден клас од триестина ученици од четврта година денеска не се приклучиле на онлајн настава.

Министерката Царовска денеска се сретна со наставници од основните училишта кои дадоа поддршка за новите реформи за основците со забелешки за повеќе време и дополнителни обуки. А додека едни наставници се задоволни, други од Независниот синдикат за образование најавија протести незадоволни од дијалогот и третманиот од МОН.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Повторно дефокус - платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски

Повторно дефокус. Платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски.

СДСМ: Повторно дефокус - платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски

Токму кога СДСМ го разоткри планот на Мицкоски за распродажба на Македонија, отворање рудници и експлоатација на антимон без согласност од граѓаните.

Токму кога објавивме дека приватна компанија за оружје платила над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски.

Дефокус од платформата ЗНАМ 2.0. Напад врз СДСМ и претседателот Венко Филипче.

Прашањето е едноставно: кому му одговара дефокус и пренасочиување на вниание на граѓаните од криминалот на Мицкоски и неговата организирана криминална група?

Само на арамијата Мицкоски.

Не случајно се платени преку тендери вредни 1,6 милиони евра.

СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски.

ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг.

Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо.

ЗНАМ 2.0 нема да помине!

Скопје, 25.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи инвестиции од САД, СДС и Филипче немаат реална понуда за граѓаните освен лаги и хистерија

СДС и Венко Филипче продолжуваат со лажната грижа за граѓаните. Лицемерието на Филипче и СДС оди до таму што велат дека бил загрозен македонскиот идентитет и дека Македонија била во изолација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ носи инвестиции од САД, СДС и Филипче немаат реална понуда за граѓаните освен лаги и хистерија

Партијата што ја распродаде државата, смени име и ја доведоа државата во ќорсокак на патот кон Европа на чело со Заев, Филипче, Спасовски Мариќич и останатите од СДС сега наводно се „грижат“ за македонскиот идентитет.

Филипче по сите жртви од модуларната болница и сите скандали како тој со Онкологија, провизиите од вакцини сега очекува дека народот ќе му верува за тоа колку тој бил загрижен за пензионерите, земјоделците, минималната плата и останатите предизвици за кои СДС нема ниту план ниту стратегија.

Филипче треба да знае дека народот јасно виде кои се интересите на СДС Заев и Филипче како инвестирањето во висококатници во Дубаи, луксузирање на јахти по Егејот и скапите журки со Харис Џиновиќ.

Додека СДС и Филипче нудат само демагогија, празни ветувања и хистерија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови инвестиции, отворање на нови фабрики, нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајков: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков синоќа учествуваше на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија- Европска Унија.

Трајков: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Во рамки на дискусијата заменик-министерката ги презентираше актуелните процеси и приоритетите на Владата во европската интеграција на земјата, со посебен фокус на реформите, владеењето на правото и исполнувањето на обврските поврзани со пристапниот процес.

„Нашата европска перспектива не е само политичка цел, туку процес кој бара континуирана, координирана и посветена работа од сите институции. Токму ваквиот институционален дијалог со европските партнери е важен за да ги претставиме постигнатите резултати, но и отворено да разговараме за обврските што ни претстојат“, истакна заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков.

Таа порача дека целта на Владата е преку отворен дијалог со европските институции и со Собранието да придонесеме кон забрзување на реформскиот процес и напредокот на Македонија на европскиот пат.

“За Македонија, токму ова е значењето на процесот на европската интеграција: реформи дома, интеграција со Европа и опипливи подобрувања во секојдневниот живот на нашите граѓани. Во исто време, геополитичката средина нè потсетува дека проширувањето не е само економски проект. Посилен, поинтегративен и поотпорен европски континент е сè поважен за нашата заедничка безбедност и стабилност. Западниот Балкан е дел од Европа – географски, историски и стратешки “– нагласи Трајков.

Во рамки на синоќешната сесија се разговарашеза односите меѓу Европската Унија и Македонија, тековните активности во процесот на европска интеграција, како и за клучните реформски области од значење за напредокот на земјата.

Особено внимание во агендата беше посветено на владеењето на правото и борбата против корупцијата, области кои се меѓу значајните теми во процесот на пристапување кон Европската Унија.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер