МакедонијаВторо пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 местаПолуматурантите кои на првото пријавување во јуни пред десет дена не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување овој месец - в понеделник, 30 јуни. Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден (1 јули), а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има слободни 16 034 места за упис на ученици - 10 758 за настава на македонски јазик, 4781 на албански наставен јазик, 474 на турски и 21 слободно место за настава на српски јазик. За гимназиско образование има 3727 слободни места и 12 307 за стручно образование. По првото аплицирање, спроведено од 14 до 17 јуни, вкупно се запишале 13 712 ученици од 16 601 пријавени. Од нив, 10 172 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3 248 за албански, 279 за настава на турски и 13 ученици за српски јазик. Како и во последните неколку години, стручното образование е попривлечно за учениците, така што на првиот јунски уписен рок над двојно повеќе ученици се запишале во стручни училишта (9469) отколку во гимназиите (4243). За гимназиско образование конкурсот за упис на ученици веќе е завршен во гимназиите „Јосип Броз Тито“ во Битола и „Никола Карев“ во Скопје. По првото пријавување, МОН објави информација и за училишта во кои Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование за одредени сектори/квалификации. Согласно критериумите од Конкурсот на МОН, беше спроведено квалификациско тестирање поради поголем број пријавени ученици со исти бодови од предвидени слободни места - во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје за образовните профили медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик, во СОМУ „Гостивар“ – Гостивар за медицинска сестра на албански наставен јазик и во гимназијата „Георги Димитров“ – Скопје на македонски наставен јазик. По реакции од родители дека во овие училишта имало „вонреден“ односно „приемен“ испит за нивните деца, министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека квалификациското тестирање е законско и е предвидено во објавениот Конкурс доколку има повеќе ученици со еднаков (одличен) успех од предвидениот број на слободни места. Таа укажа дека проблем во државава е оценувањето и успехот „со сите петки“ и оти често наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“. Тоа, рече Јаневска, води кон неквалитет во образованието и порача дека оценувањето треба да се промени, а една од алатките е новината во новиот закон - наставничкиот совет да нема надлежност за поправање оценки. -Наставниците и родителите треба да се свесни дека има реално рангирање на знаењето. Тие што имаат знаење, ќе бидат запишани, тие што ќе бидат со помалку бодови имаат шанса на второто пријавување на 30 јуни да се запишат во средно таму каде што има слободни места, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање на панел-дискусија по повод една година од мандатот на Владата. Квалификациско тестирање на второто пријавување во јуни, доколку има потреба, ќе се организира во училиштата на 4 јули и истиот ден ќе бидат објавени конечните ранг-листи со резултатите. За учениците кои во јунскиот рок нема да се запишат во средно училиште, следна можност е августовскиот рок во училиштата каде што ќе има слободни места. Електронското пријавување ќе биде на 21 август, а истиот ден ќе треба да се достави и потребената документација до училиштата. Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето ќе биде објавена на 22 август. Тагови: МОН учениците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter