Втори победи во плеј-офот за Кливленд, Вашингтон и Хјустон - Канал 5

Втори победи во плеј-офот за Кливленд, Вашингтон и Хјустон

Екипите на Вашингтон, Кливленд и Хјустон забележаа победи на ноќешните три дуели од 1.коло на НБА плеј офот и ја зголемија предноста на 2-0 во серијата прв до четири победи.

Втори победи во плеј-офот за Кливленд, Вашингтон и Хјустон
Кливленд и Вашингтон го искористија домашниот терен, додека Вашингтон направи втор брејк кај Торонто.

Постигнати резултати:

Кливленд – Бостон 99:91 (2-0 во победи),
Торонто – Вашингтон 106:117 (0-2) и
Хјустон – Далас 111:99 (2-0).

И вечерва се играат три натпревари:

Атланта – Бруклин (1-0 во победи),
Мемфис – Портланд (1-0) и
ЛА Клиперс – Сан Антонио (1-0). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Во петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. брашно

1 коцка квасец

1 лажичка сол

млака вода по потреба

масло за пржење

Прилог:

сирење

мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор

Синдикатот на културата денеска излезе на протест пред Уставниот суд.

Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор

Кој треба да одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор за култура.

Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи.

Синдикатот бара судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костовски: Бутел е лидер во спортот – доделени 349 спортски стипендии

Општина Бутел информира дека вчера се  доделени 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината. 

Костовски: Бутел е лидер во спортот – доделени 349 спортски стипендии

Општина Бутел информира дека вчера се доделени 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината. Со конкретни дела и историски вложувања во спортот, локалната самоуправа поставува високи стандарди во Македонија.

Општина Бутел спроведе транспарентна постапка со јасно утврдени критериуми и обезбеди месечна и еднократна финансиска поддршка за сите спортисти кои аплицираа на јавниот повик.

Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека е особено горд и верува дека стипендистите се идните европски, светски и олимписки шампиони кои ќе ја прослават Македонија ширум светот. Воедно, градоначалникот нагласи дека ќе продолжи биде цврст партнер на секој спортист и спортски клуб од општина Бутел. Лидерската позиција не се стекнува со зборови, туку со дела, инвестиции и резултати. Во општина Бутел вредноста на спортот е најголема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер