Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
2Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
КошаркаВтора победа на Фени Индустри во БИБЛ лигатаКошаркарите на Фени Индустри ја остварија втората победа во регионалната Балканска лига (БИБЛ).Кавадарчани вечерва пред својата публика во салата „Јасмин“ во натпреварот од 3.коло на Б групата го совладаа косовскиот тим Трепча од Митровица со 72-54 по четвртони 17:14, 18:14, 18:14 и 19:12. Во првиот меч од оваа група одигран во понеделнбикот Сутјеска ја совлада Тирана со 77:61. Во А групата вчера Кожув загуби на гостуваето во Тиват, Црна Гора од екипата на Теодо со 85:79, додека во вториот натпревар од оваа група Берое го совлада Башкими со 72:63 Другите две македонски екипи во БИБЛ, Карпош Соколи и Куманово своите натпревари од 3.коло ќе ги играат на 29 октомври и 1 ноември. Карпош Соколи ќе гостува кај Пеќ, а Куманово кај шампионот Сигал Приштина. Табела - А група: Берое 3-0 (победи-порази), Куманово 2-0, Кожув 1-2, Теодо 1-1, Башкими 0-3 и Сигал Приштина 0-1. Табела - Б група: Фени Индустри 2-1 (победи-порази), Сутјеска 2-0, Тирана 1-2, Трепча 1-2, Пеќ 1-0 и Карпош Соколи 0-2.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаПроширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграцииВо Собранието се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со акцент на проширувањето на Европската Унија.Во Собранието се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со акцент на проширувањето на Европската Унија, реформските процеси и обврските на државата на патот кон членството. Седницата ја отвори претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, кој истакна дека целта е да се отвори конструктивна дискусија за актуелните аспекти на политиката на проширување на Европската Унија и динамичните процеси што се одвиваат во Унијата. Тој нагласи дека проширувањето повторно е меѓу врвните приоритети на ЕУ и се осврна на критериумите што треба да ги исполнат земјите кандидати, како и на досега преземените чекори на државата во евроинтегративниот процес. Пред присутните се обрати и амбасадорот на Европската Унија и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјата, Михалис Рокас. Тој ја поздрави способноста на државата да спроведува реформи и ја истакна улогата на Собранието во усвојувањето на реформските закони. Воедно, нагласи дека е неопходен широк политички консензус за клучните закони, меѓу кои и Изборниот законик, како и дека позитивниот извештај од Европската комисија ќе зависи пред сè од напредокот во владеењето на правото. Министерот за европски прашања, Беким Сали, истакна дека интеграцијата во Европската Унија треба да се одвива во два паралелни правци – преку доследно спроведување на суштинските реформи, особено во владеењето на правото и преку искористување на можностите за постепена интеграција пред полноправното членство. Тој нагласи дека Планот за реформи има за цел зајакнување на институциите и постепено усогласување со европските стандарди. Според него, реформите не се спроведуваат само како обврска кон Европската Унија, туку и како потреба на државата за изградба на посилни институции, независно судство, поефикасна борба против корупцијата, слободни медиуми и подобар квалитет на живот за граѓаните. По воведните обраќања следеше отворена дискусија на која пратениците разменија мислења и ставови за тековниот процес на европска интеграција, реформските приоритети и предизвиците што претстојат на патот кон членството во Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотФранција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 годиниФранцускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години.Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период кога и обединетото кралство и Европската унија подготвуваат слични ограничувања. Законот ќе се воведува постепено. Од септември оваа година, лицата помлади од 15 години нема да можат да отвораат нови профили, а проверката на возраста ќе стане задолжителна за сите нови корисници. Од јануари 2027 година мерката ќе се прошири и на постојните профили, што значи дека сите корисници во Франција ќе мора да докажат дека имаат најмалку 15 години за да продолжат да користат социјални мрежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смениГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат безбедносните ризици на своите згради( фасади и покриви), како и апел до општествено одговорни фирми и партнери да се вклучат со својата механизација во расчистувањето на паднатите кровни конструкции. Дополнително, хигиеничарите на ПОЦ ќе бидат распоредени во неколку смени за да бидат постојано присутни на терен и да помагаат во расчистувањето на паднатите дрва, гранки и други остатоци. „Безбедноста сега е клучна. Мора да има координација меѓу куќните совети и станарите, а солидарноста и одговорноста мора да бидат на високо ниво. Нашите екипи на терен се поделени во две смени, а попладневната екипа е подготвена да реагира и доколку има ново невреме. Дополнително, и администрацијата во Општината доби наредба да се вклучи во напорите за расчистување. Сите сили мора да ги впрегнеме заедно, затоа што станува збор за елементарна непогода,“ истакна Герасимовски. Во текот на синоќешните и денешните активности се расчистени повеќе локации низ Центар. Со тешка механизација се подигнати лимените конструкции од крововите на повеќе места, меѓу кои во Буњаковец, на улицата Благоја Давков , спроти трговскиот центар „Рамстор“ и кај „Агромеханика“. Во исто време интензивно се работи на отстранување на паднати дрва, гранки и шут низ улиците. Герасимовски уште еднаш ги повика граѓаните да останат внимателни и да се вклучат во заедничките напори за побрзо справување со последиците од невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33