Веб ТВВтор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка МурмуFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
КошаркаАлексеј Покушевски повеќе не е кошаркар на ПартизанСрпскиот кошаркар Алексеј Покушевски повеќе не е член на Партизан, соопшти белградскиот клуб. „Во предвидениот рок, клубот одлучи да не ја активира дополнителната година од договорот, со што поранешниот заменик-капитен стана слободен да избере нова средина. Поку, твојот Партизан ти посакува многу среќа и успех во продолжението на кариерата“, се наведува во соопштението на „црно-белите“. Покушевски има 24 години, а пред доаѓањето во Партизан настапуваше за Олимпијакос, по што беше избран како 17-ти пик на НБА-драфтот и кариерата ја продолжи во Оклахома Сити Тандер. Тој помина две сезони во дресот на Партизан, при што ги освои АБА-лигата и титулата шампион на Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република ИндијаЧест е моја, денес да бидам домаќин на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму и на претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченото откривање на бистата на Махатма Ганди во Скопје.Во името на Град Скопје, на претседателката на Индија ѝ посакав срдечно добредојде во нашиот град. На овој свечен настан во Музејот на град Скопје, со поставувањето на бистата на Махатма Ганди, Скопје добива траен потсетник на вредностите што тој ги застапуваше - мирот, ненасилството, слободата, вистината и моралната храброст. Неговото наследство нè потсетува дека најголемите промени започнуваат со почитта кон човекот и со уверувањето дека дијалогот секогаш е посилен од поделбите. Овој чин има особено силна симболика токму во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза. Иако нивните мисии биле различни, Махатма Ганди и Мајка Тереза ги обединува една универзална порака дека човечноста, љубовта, сочувството и грижата за другиот се најголемата сила што ја поседуваме. Скопје е град кој длабоко ја познава вредноста на солидарноста. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, нашиот град ја почувствува подадената рака од целиот свет. Токму затоа денес продолжуваме да градиме мостови на пријателство, меѓусебна почит и соработка меѓу народите. Силно верувам дека овој значаен настан ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на пријателството меѓу Македонија и Индија и кон отворање нови можности за соработка во културата, образованието, науката и поврзувањето на нашите народи. Нека ова спомен-обележје биде траен симбол на вредностите што нè обединуваат и порака дека мирот, човечноста и пријателството немаат граници. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСе огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати Генерал-мајорот Михајло Драпатиј го потврди своето назначување за врховен командант на Вооружените сили на Украина, што вчера го објави претседателот Володимир Зеленски.„Му благодарам на претседателот на Украина за укажаната доверба, на министерот за одбрана за поддршката и на Одбранбените сили за новата фаза од службата“, напиша Драпатиј. Тој истакна дека служењето на Украина за него отсекогаш претставувало чест и дека за време на војната за независност тоа значело „апсолутна одговорност“. „Му благодарам на врховниот командант на Вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, за неговата доследна работа на зајакнувањето на украинската војска. Јас израснав во неа“, напиша Драпати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook