3Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ТехнологијаВселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ сними совршен Ајншатјнов прстен во далечната вселена Откако во јули беа објавени првите снимки од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, многумина беа фасцинирани од неверојатните фотографии од пространоста на вселената: од неверојатно детални слики на Јупитер до најдалечната позната ѕвезда.Сега Веб повторно нѐ изненади. Имено, тој улови глетка од која на многумина ќе им го одземе здивот - ефектот на гравитациската леќа, која е совршен пример за прстенот на Ајнштајн. Овој феномен е оддалечен од нас неверојатни 12 милијарди светлосни години; што значи дека навистина гледаме во далечното минато. Една од предностите на гравитационите леќи е тоа што овој феномен им овозможува на научниците подобро да ги проучуваат далечните галаксии, кои инаку би биле невидливи за нас. Поблиските масивни галаксии го искривуваат временско-просторниот континуум со својата гравитација и на тој начин ги свиткуваат патеките на светлината, слично како што прават леќите. На овој начин тие дејствуваат како природни космички телескопи, објаснува НАСА. Во овој случај, гравитацијата на една галаксија ја свитка светлината на далечната заднинска галаксија (наречена SPT-S J041839-4751.8.) и ја претвори во крива, односно ја зголеми нејзината слика и ја истегна во речиси совршен прстен. Според тоа, оваа претстава сама по себе не постои. Ефектот се јавува само кога далечната и поблиската галаксија се наредени пред телескопот, кој служи како леќа. Во рамките на неговата општа теорија на релативноста, Ајнштајн претпоставувал постоење на такви гравитациони леќи. Објектите како овие се идеални за проучување на галаксии кои често се премногу слаби и далечни за да се видат без овој ефект, пишува Science Alert. Иако се работи за редок феномен, Хабл и претходно ги фотографира спектакуларните прстени на Ајнштајн. Веб го фати прстенот на Ајнштајн SPT-S J041839-4751.8. претходно во август, а беше обработен, обоен и објавен од студент по астрономија под прекарот Spaceguy44.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин ВикВо рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура. Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромитеПолска привремено затвори два аеродрома поради воени дејствија на руските воздухопловни сили во соседна Украина. Пријавени се експлозии во близина на полско-украинската граница. Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека активностите во воздушниот простор се поврзани со руските напади со беспилотни летала во Украина, пренесува LBC. Украински претставник потврди дека за време на денешниот руски напад со беспилотни летала, се слушнале експлозии на неколку километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Во Жешов и Лублин, во источниот дел на земјата, се огласија сирените за воздушна опасност, а граѓаните беа предупредени да побараат засолниште. Lublin 11:50 słychać syreny alarmowe Ludzie mają chill https://t.co/YLjOXJh7xw — Agatha💃🏼🐙 (@GabrielaCat1191) September 17, 2026 „Копнените системи за противвоздушна одбрана и системите за радарски надзор се во состојба на целосна готовност“, соопштија Полските вооружени сили. Од командата додадоа дека станува збор за превентивни мерки насочени кон обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што граничат со загрозените региони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површиниИнспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните. Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter