Врвни пливачки имиња овој викенд во водите на базенот на СЦ „Борис Трајковски“ - Канал 5

Врвни пливачки имиња овој викенд во водите на базенот на СЦ „Борис Трајковски“

Спортскиот центар „Борис Трајковски” претстојниот викенд ќе биде домаќин на Интернационалниот пливачки организиран по повод 70 годишнината од ослободувањето на град Скопје.

Врвни пливачки имиња овој викенд во водите на базенот на СЦ „Борис Трајковски“

Се очекува да настапат околу 400 натпреварувачи од клубови од Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска, Романија, Германија, Грција, Албанија и Македонија.

Дел од овој турнир ќе бидат Силаџи Чаба од Србија (учесник на 2 Олимпијади - Пекинг 2008 и Лондон 2014 и носител на повеќе медали од силни меѓународни натпреварувања, Мартин Зелев од Бугарија (полуфиналист на европското првенство во Унгарија), Тјаша Возел од Словенија и многу други квалитетни пливачи.

- Да се биде домаќин на ваков турнир на кој своето учество го потврдија врвни пливачки имиња, воедно учесници на најголемите светски пливачки собири, е навистина голема чест. На задоволство на сите љубители на пливањето, би сакале да ја најавиме агендата на натпреварувањето која е поделена во два дела – саботна програма која започнува во 09:00 часот со квалификациите, продолжуваат со загревање во 16:00 часот, а официјалните натпревари почнуваат во 17:00 часот. Истиот распоред важи и за неделната програма, кога натпреварите ќе започнат во истиот термин, изјавија од ПК Бета, организатори на турнирот.

Натпреварите ќе се одвиваат во 6 категории и тоа во апсолутна (1998-1999, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2006) и помлади во Машка и Женска категорија одделно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Започнаа градежните активности за изградба на новиот мост преку Луда Мара во село Марена

Со уривањето на постојниот мост, започнува реализацијата на проектот за изградба на нов и побезбеден мост, кој ќе овозможи подобри услови за движење и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Јанчев: Започнаа градежните активности за изградба на новиот мост преку Луда Мара во село Марена

Проектот е со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. Новиот мост ќе има две коловозни ленти, тротоари од двете страни и вкупна ширина од 8,5 метри.

Продолжуваме со вложувања во подобра инфраструктура и побезбедни услови за живот на нашите граѓани! –објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова

Бараме одговорност за сите што ја пуштија Ива Михаилова.

Штерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова

Прв политичка одговорност треба да понесе министерот Панче Тошковски.

Бараме негова оставка веднаш.

Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата.

Граѓаните гледаат што се договорало под маса и „под радар“ откако Муцунски беше во Софија.

Тошковски ја пушти Михаилова. Ја напуштила земјата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел македонскиот и бугарскиот пасош.

Таа јавно вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека граничните службеници знаеле.

МВР вели нема евидентиран излез.

Јасно е се. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат.

Ова е договорено!

СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.

Јавноста мора да дознае кој го реализирал договорот и по чив налог.

Пет тони дрога поминаа преку граница, нарко дилер побегна од полициската станица, на северната граница серија инциденти, бегства, пречек со црвен килим.

Телохранителот на Мицкоски не одговораше, не се реагира на пријава за насилство во семејство што доведе до самоубиство на дете и мајка.

Ова се прашања за небезбедност на граѓаните, за нееднаквост пред законот и за неспособноста на МВР да ги исполнува своите обврски.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, одговорност за сите вмешани и оставка од Панче Тошковски.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фиат ја оживува Мултипла од 1950-тите

Фиат го претстави финалниот дизајн на својот претстоен градски автомобил, Мултиплина, кој се одликува со ретро стилски елементи и димензии слични на оригиналниот Фиат 500 од 1950-тите.

Фиат ја оживува Мултипла од 1950-тите

Моделот беше прикажан на Саемот за автомобили во Париз заедно со поголемиот концепт Мултиплеј, кој црпи инспирација од неконвенционалниот модел Мултипла од 1990-тите.

Се очекува моделот Мултиплина да се појави на пазарот во 2028 година. Ќе биде позициониран над моделот Тополино, но под актуелниот Фиат 500 и новиот, достапен електричен градски автомобил чие претставување е закажано за подоцна оваа година.

Името го добива од Фиат 600 Мултипла од 1956 година, возило кое компанијата своевремено го опиша како оригинално превозно средство за повеќе патници. Се очекува новиот модел да има должина помала од три метри, додека Тополино е долг 2,53 метри.

За разлика од Тополино, кој спаѓа во категоријата на лесни четирицикли (L6), Мултиплина ќе се развива според прописите за категоријата „L7“. Ова овозможува поголема моќност и брзина. Фиат наведува дека максималната брзина ќе изнесува 88 км/ч, што е горната граница за оваа категорија.

Мултиплина ќе ја користи платформата што ја делат Тополино и комерцијалниот модел Трис, но со значителни модификации за да се обезбеди повеќе простор во внатрешноста, поголема батерија и поголем досег. Неговиот дизајн му оддава почит на оригиналниот Мултипла, со исправени предни делови, тркалезни фарови и карактеристична силуета.

Со овој модел, Фиат ја продолжува својата стратегија за развој на мали и достапни возила, покрај постоечките модели 500 и Панда. Оригиналниот Фиат 600 Мултипла се произведувал од 1956 до 1967 година, а во тој период биле произведени приближно 240.000 примероци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер