Врвни музички и сценски доживувања на годинашното 56. „Охридско лето“ - Канал 5

Врвни музички и сценски доживувања на годинашното 56. „Охридско лето“

Годинашното 56. издание на фестивалот „Охридско лето“ и овојпат, согласно реномето, ќе понуди врвни музички и театарски доживувања, изјави денеска, на првата средба со новинарите, новиот директор на Националната установа, музичкиот уметник Оливер Арсовски.

Врвни музички и сценски доживувања на годинашното 56. „Охридско лето“
- Голема чест и привилегија за мене претставува моето назначување на функцијата директор на Фестивалот. Како музичар кој долги години настапувал на „Охридско лето“ повеќе од познато ми е дека „Охридско лето“ е најпрестижна манифестација од тој вид не само во Охрид и Македонија, туку и во регионот и пошироко, рече Арсовски.

Тој ја искористи можноста да и заблагодари на неговата претходничка Елизабета Јанкуловска која, како што рече, го оставила Фестивалот во добра финансиска кондиција, но и со речиси изготвена програма што заедно со селекторите на музичкиот и драмскиот дел ќе биде објавена најдоцна за две седмици.

За Фестивалот „Охридско лето“ тој рече дека низ долгогодишната традиција веќе има наметнато високи уметнички стандарди, така што не планира позначајни промени кога станува збор за концептот, но сепак најави дека ќе посвети одреден дел од фестивалските термини на „оф“ програмата која би била интересна за поширокиот аудитириум, со содржини од најразлични уметнички остварувања - џез викенди, балетски перформанси, концерти на светски уметници кои би привлекле публика од поширокиот регион.

- Бидејќи како уметник потекнувам од Македонската опера и балет, би сакал на „Охридско лето“ да донесам врвни уметници токму од таа област, а благодарение на моите лични контакти и познанства, веќе имам реализирано одредени разговори и се надевам дека ќе успеам да остварам дел од моите замисли, истакна директорот.

Новини ќе бидат и одредени уметнички активности што би се реализирале на охридските сцени во текот на целата година, надвор од вообичаениот фестивалски термин: настапи на црковни хорови за време на позначајните верски празници, новогодишни свечени концерти, манифестации кои, како што нагласи Арсовски, би се реализирале во време кога во Охрид има позначаен број туристи.

Оливер Арсовски е виолинист, долгогодишен член на Македонската опера и балет, институција во која бил и директор од 2007 до 2010 година. Тој беше и уметнички директор на Фестивалот за забавна музика „Макфест“, член на Оркестарот за народна музика при Македонската радио-телевизија, долгогодишен организатор на Виенскиот бал. На пошироката јавност во земјата и е познат како дел од жирито во една од најгледаните музички телевизиски емисии, забавното шоу „Танц со ѕвездите“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер