Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
1Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
3Средношколци се натпреваруваат со идеи за идни бизниси, за реализација победникот ќе добие финансиска поддршка
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаВрнежите недоволни, без наводнување можно губење на приносите Влажниот бран што ја зафати земјава и пониските темпеартури, нема значително да ја променат состојбата со долготрајната суша во земјоделството. Според агрометеоролозите, недостигот на вода во почвата се чувствува насекаде, но посебно на удар се повеќегодишните насади – овошките и виновата лоза. суша ќе се одрази најмногу баш кај овие култури, со намален принос, а на некои парцели и со изгубен принос. Загрозени се и останатите земјоделски култури, едногодишните, пролетните окопни, градинарски или индустриски култури, кај кои нема услови за наводнување. Сушата ќе се одрази најмногу токму кај нив, со намален принос, а на некои парцели и со изгубен принос. Останува препораката земјоделците и во наредниот период да ги искористат сите можни капацитети за наводнување за да спасат дел од производството. -Временските услови, со неколку степени пониски температури на воздухот во текот на изминатата седмица воопшто не ја сменија состојбата со долготрајната суша во земјоделското производство. Недостатокот на вода почвата се чувствува насекаде, а повремените врнежи воопшто не придонесоа за подобрување на состојбата, пред се заради малите количества и локалниот карактер. Остануваат загрозени сите земјоделски култури, како многугодишните видови – виновата лоза и овошките, така и сите останати едногодишни, пролетни окопни, градинарски или индустриски култури кај кои нема услови за наводнување. Негативниот резултат од ваквата суша ќе се одрази најмногу баш кај овие култури, со намален принос, а на некои парцели и со изгубен принос, велат агрометеоролозите. Ваквите или слични временски услови ќе се задржат и во текот на наредната недела, со поумерени температури кои ќе достигнуваат најмногу 34 степени во јужните делови или околу 30 во останатите делови од земјава, со услови за повремена облачност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКосовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституцијаНа 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга. Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава. За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредношколци се натпреваруваат со идеи за идни бизниси, за реализација победникот ќе добие финансиска поддршка Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси, во организација на „Бреинстер Некст“.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси, во организација на „Бреинстер Некст“, на кој младите имаат можност да се докажат како потенцијални идни претприемачи и иноватори. На натпреварот учествуваат ученици од јавни и приватни средни училишта, кои преку своите идеи нудат решенија за различни општествени предизвици од областа на технологијата, екологијата, образованието и други сфери. „Навистина е одлична идејата и организацијата на овој натпревар. Имав можност да запознаам многу млади и талентирани ученици кои размислуваат критички, иновативно и претприемачки. Особено радува тоа што покрај креативноста, покажуваат и натпреварувачки дух, самодоверба и подготвеност да ги презентираат своите идеи, но и да се борат за нивна реализација“, истакна Јаневска. Таа посочи дека натпреварот отвора конкретни можности за претворање на ученичките идеи во реални бизнис проекти, имајќи предвид дека „Бреинстер Некст“ ги поврзува учесниците со бизнис заедницата и обезбедува награда од 1 милион денари за победничкиот поединец или тим. „Ваучерот е значајна можност за започнување сопствена стартап компанија и развој на сопствен бренд, но и за интегрирање на бизнис идејата во веќе постоечка компанија или поврзување со потенцијални коинвеститори“, додаде Јаневска. Од 650 пријавени проекти, 60 се пласираа во потесниот круг од натпреварот, министерката им посака успех во денешното претставување и пласман во утрешното финале, посакувајќи победа на најкреативната и истовремено остварлива бизнис идеја. Јаневска упати благодарност до раководството на „Бреинстер Некст“ за поттикнувањето на младите и поддршката на нивната едукација, нагласувајќи дека соработката со образовните институции и приватниот сектор е важна за унапредување на образовниот систем. „Верувам дека добрата соработка која ја започнавме преку заедничката заложба за интегрирање на вештачката интелигенција во училиштата, ќе продолжи и во иднина. Заеднички можеме да одговориме на бројни предизвици и да придонесеме за развој на националниот образовен систем“, порача министерката. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook