МетеоВрнежи од дожд, на планините снегВремето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје слично време со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Според најавата на УХМР, за време на викендот ќе биде посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Во сабота ќе има услови за изолирана појава на ретки грмежи, а на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во понеделник се очекува преодно стабилизирање, а од вторник повторно нови врнежи.Тагови: дожд УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНевремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на праткитеНевремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата. Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД продолжуваат со воздушните напади врз ИранСоединетите држави ја завршија дванаесеттата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран. Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана. Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. Дополнително за првпат Америка го употреби стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран. -Во моментов, ситуацијата е прилична едноставна. Бродови се обидуваат да минат низ теснеците и тие се напаѓани. Комерцијални бродови кои пловат низ теснеците се напаѓани. САД го штитат овој поморски сообраќај и, покрај тоа, ги гаѓаат местата од каде што се извршуваат нападите врз тие бродови, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа и да го загрозува глобалниот поморски сообраќај. Тоа сега се случува и на тоа сме сега фокусирани – изјави Рубио. Со веќе препознатливата остра реторика, Трамп се закани дека САД ќе ја напаѓаат цивилната инфраструктура во Иран како одговор на секој напад врз брод во Ормускиот Теснец. -Во овој судир што го имаме со Исламската Република Иран, и намерно ја нарекувам така, затоа што, да ви кажам, тие трпат нависнина силни удари и сакаат да постигнат договор. Но, јас велам дека се уште не се подготвени за договор. Затоа што секојпат кога ќе постигнеме некаков договор, тие сакаат да ги менуваат и слино. Не се подготвени. Но, ќе бидат подготвени многу наскоро. – изјави Трамп. Во меѓувреме, Техеран ги нападна американските сојузници низ Блискиот Исток. Иранските државни медиуми јавија дека американски ракети погодиле цели во западниот дел на Иран. Во уште еден американски ракетен напад на границата со Ирак, биле убиени две лица. Раководството во Техеран одговори со сопствени закани. Во случај на американски напади врз иранската инфраструктура, ќе следува масовна одмазда, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х. Тој посочи дека иранската одбранбена политика е јасна: „Око за око“.Тагови: Доналд Трамп Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 годиниБоледување заради одмор, патување или работа на друго место се дел од можните злоупотреби поради кои се отвора дебата за промени во системот. Министерот Сашо Клековски вели дека правилата за боледување не се променети 14 години, па Министерството за здравство почнува средби со сите засегнати страни за да се најде модел кој ќе ги заштити правата на пациентите, но истовремено ќе овозможи подобра контрола. На денешната средба биле презентирани искуства од Србија и Словенија. Србија има воведено електронско боледување, со дигитализирани податоци достапни и за пациентите и за работодавачите, додека Словенија вовела правила за движење за време на боледување и можност за контрола преку анонимни електронски пријави. Во случај на утврдени злоупотреби, словенечкиот модел предвидува и враќање на исплатениот надоместок од страна на работодавачот или фондот.Токму дигитализацијата, подобрата размена на податоци и поефикасните контроли се дел од решенијата кои, според Клековски, ќе се разгледуваат и за македонскиот систем. -Ми беше интересно тоа што Словенците ги увиделе истите работи дека луѓе земале боледување за да работат на друго место, што го докажуваат преку приходи од друга работа Исто така, има случаи кога земаат боледување за да одат на одмор, кога не им го дава работодавачот. Затоа вовеле анонимни пријави, за да можат да се користат и фотографии од Инстаграм, на пример, како доказ дека некој не е болен, а се претставува како таков,- Сашо Клековски – министер за здравство. Анализите покажуваат и раст на бројот на боледувања. Според податоците од системот „Мој Термин“во 2025 година имало над 300 илјади кратки боледувања, што е за 33% повеќе во однос на периодот по ковид-пандемијата. Иако бројот на корисници на боледување се зголемил само за 6 проценти, просечниот број боледувања по осигуреник пораснал од 1,8 на 2,3, а најчести причини се респираторни инфекции на горните дишни патишта како воспаленија на дигестивниот тракт... Паралелно според Клековски, растат и средствата што се исплаќаат за долгите боледувања. Од Министерството велат дека токму овие податоци се дополнителен сигнал дека системот треба да се преиспита, а работните средби ќе продолжат и во наредниот период. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter