Врисок среде концертот на Стравински (ВИДЕО) - Канал 5

Врисок среде концертот на Стравински (ВИДЕО)

Среде изведување на композицијата на Игор Стравински , заспана жена од публиката врисна , кога силните звуци на оркестарот ненадејно ја разбудија.

Врисок среде концертот на Стравински (ВИДЕО)
Општа смеа во концертната сала ,,Каскејд “ , во Рединг , Калифорнија , кога една жена преплашено врисна среде изведба на композиција од Игор Стравински.

Членовите на симфонискиот оркестар ,,Норт стејт “ , сепак продолжија со изведбата без да направат прекин .

Врисокот на заспаната жена стана хит на социјалните мрежи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка.

Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка, но и за другите скандали за кои клопчето ќе почне да се одмотува. Жерновски посочи дека Мицкоски наместо да одговори на прашањата за сомнителниот капитал, за одговорноста на институциите и за улогата на власта во целиот случај, со закани се обидува да ја замолчи СДСМ што ја открива вистината.

Ова го истакна секретарот за меѓународна политика на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за Канал 5, посочувајќи дека Мицкоски е човекот кој е уплашен, а не опозицијата.

„Тој се плаши, бидете сигурни. Тоа што го слушнавте и што го видовте беше уплашен човек. Со право уплашен“, рече Жерновски.

Тој потсети дека СДСМ речиси една година предупредува за Алта банка, но власта ниту ги демантираше укажувањата, ниту пак презеде соодветни чекори. Напротив, Мицкоски овозможи сомнителен капитал да влезе во земјава, а сега се заканува со апсења на оние што го критикуваат.

„Ниту еднаш не бевме демантирани, ниту бевме послушани. Да бевме послушани тогаш немаше да се случи сè ова. Зошто се случи ова? Затоа што Мицкоски овозможи на својот бизнис партнер и политички ментор, јас тоа отворено го кажувам а тоа е Вучиќ, таков капитал да влезе во оваа држава и сега да се заканува со апсења на тие што го критикуваат“, рече Жерновски.

Жерновски посочи дека доколку Македонија беше членка на Европската Унија, Алта банка немаше да може да влезе во државата,заради тоа што и Европската централна банка забрани влез поради сомнежите околу потеклото на парите и ризиците што ги носи банката.

„Да бевме ние членки на Европската унија, немаше ни да влезе Алта банка, затоа што Европската централна банка веќе оцени дека таа банка не може да влезе на пазарот на Европската унија, затоа што под број еден има сомневање во потеклото на парите, под број два поради перење на пари и под број три што тоа носи безбедносен ризик за целиот регион“, рече Жерновски.

Во интервјуто Жерновски посочи дека недозволиво е министерката за финансии Димитриеска-Кочоска да тврди дека гувернерот Славески не ја консултирал за влзеот на Алта банка кога постои записник од седница на Влада во кој јасно се гледа на предлог на министерката Владата разгледувала прашања поврзани со понудата за преземање акции од Алта банка и со шеснаесет јавни институции.

„Веднаш добивме материјал којшто сакам денес да го презентирам. Не само што била информирана министерката, туку токму на предлог на Кочоска се носени заклучоци директно поврзани со понудата за преземање на акции од страна на Алта банка и на шеснаесет јавни институции“, рече Жерновски.

Воедно, Жерновски истакна дека недозволиво и неодговорно е Славески да тврди дека не знаел кој е сопственик на банката и дека не го интересирало тоа, кога во надзорниот одбор на банката прв на листата е сега уапсениот сопственик, Давор Мацура.

„Трајко Славески вели: „Не ме интересира кој е сопственик, ниту знам кој е сопственик.“ Така беше. Па вие во двор некој да пуштите, ќе се интересирате кој е. Тоа е првата грешка и за тоа треба да одговара“, рече Жерновски.

Жерновски нагласи дека одговорноста не е само кај гувернерот, бидејќи јасно е дека тој не постапувал самостојно, туку по наредба на Мицкоски.

„Не требаше воопшто, да влезе банка со таков капитал. Кога ќе дозволите влез на криминални пари, тоа ќе ви се случи. Трајко Славески го овозможи, но пак велам, тој тоа не го направи сам. Тој тоа го направи по наредба на Мицкоски и денеска ќе кажам дека ќе дојде денот кога тој прв ќе каже од кого ја добил наредбата. Памтете ми го зборот“, рече Жерновски.

Тој порача дека нервозата на Мицкоски е резултат на информациите кои излегуваат на виделина не само за Алта банка туку и за другите скандали.

„Ние во СДСМ знаеме зошто е нервозен. Затоа што најлошото допрва доаѓа. Тогаш ќе дојдеме до петте тони дрога, бидејќи клопчето веќе почна да се одмотува. Е, тука е нервозата и за сите други работи. Е, кога ќе се отвори таа точка, тогаш ќе видите зошто се заканува Мицкоски“, рече Жерновски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новинарот на Канал 5, Видиновски ја промовираше книгата „На местото на настанот“

Новинарот и уредник  на Канал 5,  Александар Видиновски вечерва ја промовираше својата прва книга насловена „На местото на настанот“.. 

Новинарот на Канал 5, Видиновски ја промовираше книгата „На местото на настанот“

Книгата носи лични сведоштва од речиси две деценска новинарска кариера, исполнета со известувања од кризни подрачја, драматични настани и ситуации во кои новинарот не е само набљудувач, туку непосреден сведок на важни домашни и светски случувања..

Книгата не е само хроника на големи настани, туку и лична приказна за стравот, адреналинот, професионалната одговорност и созревањето на новинар, кој со години се обидувал да стигне што поблиску до вистината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е симбол на кадровски неуспех и дебакл

Жерновски е симбол на кадровски неуспех и дебакл, а СДС е во политички ќорсокак каде неодговорно креира хаос, шири лаги и манипулации.

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е симбол на кадровски неуспех и дебакл

СДС е партија која нема што да понуди. СДС е типичен пример за партија која доживеа дебакл и е пример за кадровска неподготвеност, фабрика за лаги и шпекулации.

Фијаското на СДС како партија на чие чело е Филипче, под менторство на Зоран Заев, е тоа што е во целосен интелектуален и политички ќорсокак.

Андреј Жерновски несуден амбасадор, човек кој 20 години е на државна сметка, повторно беседи за тоа како државата не му се допаѓа и за тоа како системот не функционира.

Токму ликови како Жерновски, кој сака да се занимава со меѓународни работи, а нема елементарни познавања, како што на пример не знае што означува акронимот НАТО, кој не знае дека Европското јавно обвинителство веќе има нов главен обвинител и сателитите од СДС на чело со Филипче и Заев ја распродаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го наполнат сопствениот џеб, да инвестираат во Дубаи, да се луксузираат на јахти по Егејот, да купуваат акции од авиокомпании.

И наместо да шират демагогија, треба да се извинат на граѓаните што ги испокрадоа низ годините наназад.

Во однос на извештајот за напредокот на земјата за 2026 година, Македонија бележи напредок во повеќе области во споредба со претходната година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката, образованието и владеењето на правото тоа го потврди амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас.

Во однос на креирањето немир и хистерија на СДС и Филипче, за Алта банка, време е СДС на чело со Филипче да престане да создава вештачка криза, да престане да ја руши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот систем.

Жерновски, Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДС и затоа со месеци ја политизираат темата за Алта банка.

Додека СДС ја банкротираше Еуростандард банка, тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката си повлече од неа 250 илјади евра.

Граѓаните да бидат спокојни. Додека е премиер Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на власт плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат. Македонија продолжува со реформите, нови инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните, се наведува во апртиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер