3МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
2Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
СветВрховниот суд на САД отфрли барање за преиспитување на пресуда за истополови бракови од 2015 годинаСудиите не дадоа никакво објаснување ниту евидентираа никакво противење на одлуката, која беше донесена во рамките на редовниот список на судски одлуки, објавува „Политико“.Американскиот Врховен суд денеска го отфрли барањето за преиспитување на одлуката од 2015 година со која се утврди уставното право на истополови бракови на територијата на целата земја, отфрлајќи ја жалбата на поранешната матичарка од американската држава Кентаки, Ким Дејвис, за поништување на пресудата. Судиите не дадоа никакво објаснување ниту евидентираа никакво противење на одлуката, која беше донесена во рамките на редовниот список на судски одлуки, објавува „Политико“. Без натамошно објаснување судиите ја отфрлија жалбата на Ким Дејвис, поранешна матичарка од округот Роуан, Кентаки, која беше тужена во 2015 година за одбивање да издаде брачни дозволи на истополови двојки, наведувајќи ги своите религиозни убедувања, објави Ен-Би-Си. Нејзиното ново барање, поднесено речиси една деценија подоцна, привлече внимание од јавноста поради стравувањата дека судот би можел да ја преиспита одлуката во случајот „Обергефел против Хоџис“ во кој Врховниот суд во 2015 година утврди дека 14-тиот амандман од Уставот на САД го гарантира правото на брак на истополовите двојки. Десет дена по пресудата на Врховниот суд, Мур и Ермолд поднесоа барање за дозвола за брак во канцеларијата на Дејвис, но беа одбиени. Дејвис им кажа дека дејствува „под Божја надлежност“ и ги советуваше да се обидат во друг округ, а двојката поднесе тужба тврдејќи дека им е одземено нивното уставно право да се венчаат. Откако постојано одбиваше да издаде дозвола и покрај судската наредба, Дејвис помина пет дена во притвор додека двојката потоа доби дозвола од заменик-матичар. Мур и Ермолд потоа побараа парична отштета за повреда на нивните права, а поротата им додели по 50.000 долари, според Си-Би-Ес. Дејвис поднесе жалба, тврдејќи дека е заштитена со Првиот амандман, кој гарантира слобода на вероисповед, и не може да се смета за одговорна бидејќи издавањето лиценца би ги прекршило нејзините религиозни верувања. Апелациониот суд на Шестиот округ го отфрли нејзиното барање, пресудувајќи дека Дејвис не може да се повика на верската слобода бидејќи дејствувала во својство на јавен службеник. „Во нивниот приватен живот, државните службеници можат слободно да ги изразуваат своите верувања, но кога ја користат државната власт над граѓаните, нивната совест мора да се покори на Уставот“, се наведува во образложението на судиите. Тагови: САД истополови бракови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЗошто Холанѓаните ставаат ролери на сообраќајните знаци? Причината е неочекуванаОвие ролери немаат никаква врска со возачите, но решаваат еден необичен проблем.Сообраќајните знаци на холандските автопати имаат друга, прилично необична улога - тие привлекуваат бувови, кои ги користат за набљудување додека ловат глувци покрај патот. Ова може да биде многу опасно. Кога був ќе одлета од знак и ќе се спушти врз својот плен, тој може да заврши пред возило. Судирот може да биде фатален за птицата, но може да предизвика и сериозна штета на автомобил или камион. Затоа на некои сообраќајни знаци се инсталирани специјални ротирачки ролери. Тие ги спречуваат бувовите да слетаат на знакот и да останат на него, пишува „Revija HAK“. Оваа заштита е инсталирана првенствено на делови каде што се регистрирани голем број смртни случаи на бувови. Ова навидум едноставно решение истовремено ги штити птиците и го намалува ризикот за учесниците во сообраќајот. Извор: Б92Тагови: сообраќајни знаци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досегаЛетото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си. Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година. Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени. Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба. Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни. Извор: Б92Тагови: Велика Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст. УХМРТагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook