ТехнологијаВрховниот суд на Бразил ја забрани работата на платформата XОвој потег е последен во серијата повеќемесечни конфликти меѓу бразилскиот суд и Илон Маск.Судијата на бразилскиот Врховен суд, Александре де Мораеш нареди „итно суспендирање“ на платформата Х (поранешен Твитер) во земјата, откако истече рокот што му беше даден на сосптвеникот на платформата милијардерот Илон Маск да назначи правен застапник во Бразил. Овој потег е последен во серијата повеќемесечни конфликти меѓу бразилскиот суд и Илон Маск. Во пресудата, Мораеш нареди „целосна и итна суспензија“ на X во земјата додека платформата не се усогласи со сите претходни судски пресуди, вклучително и парична казна од 3,28 милиони долари и назначување правен застапник во Бразил. Во одлуката на судот се наведува дека казните за поединци и компании кои користат алтернативни начини за пристап до платформата X ќе изнесуваат до 50.000 бразилски реали или нешто повеќе од 8.000 евра на дневна основа. Судот му нареди на телекомуникацискиот регулатор „Анател“ да ја спроведе одлуката во рок од 24 часа. Одлуката на судот ја поддржа и бразилскиот претседател Лула да Силва, кој изјави дека Илон Маск мора да ги почитува и да се прилагоди на прописите во Бразил. Претходно оваа година, Мораеш му нареди на X да блокира одредени содржини вклучени во ширење лажни вести и говор на омраза. Маск, осудувајќи ја наредбата како цензура, одговори со затворање на канцеларијата на платформата во Бразил, но најави дека услугите на Х ќе продолжат да бидат достапни во земјата. Во своите објави на X, Илон Маск го спореди судијата Мораеш со Лорд Волдеморт, лик од серијата Хари Потер и го нарече диктатор со маска на судија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКрвав масакр на Сардинија- ѝ пукал во глава на сопругата, па отишол и го убил својот брат (ВИДЕО)Жена (47) е тешко повредена, додека нејзиниот зет, маж (42), е убиен во два одделни напади што се случија во четвртокот во зори во близина на Каљари на Сардинија.Италијанската полиција се сомнева дека двата инцидента се поврзани. Осомничениот, 39-годишен маж од Каљари кој легално поседувал огнено оружје, им се предал на карабинерите по нападот и признал дека ги застрелал сопругата и братот, објавува РАИ. Според досегашните информации, првиот напад се случил околу 5:45 часот наутро во градот Соланас, каде што жена била застрелана во главата во нејзиниот семеен дом. Таа се здобила со сериозни повреди на главата и била итно префрлена во болницата Броцу во Каљари. Само 25 минути подоцна, околу 6:10 часот наутро, службите за итни случаи добиле повик од населбата Марџине Росо во општината Кварто Сант'Елена. Таму бил пронајден 42-годишен маж, застрелан во градите и починал на местото на настанот. Пет минути по вториот напад, во 6:15 часот наутро, осомничениот доброволно се појавил во станицата на карабинерите и признал дека ги застрелал сопругата и братот. Според првичните резултати од истрагата, мотивот за злосторството најверојатно лежи во сериозни семејни конфликти. По наредба на дежурниот обвинител, мажот е уапсен и приведен, додека карабинерите продолжуваат со истрагата и собирањето докази со цел целосно да се реконструираат околностите на убиството и обидот за убиство.Тагови: Сардинија сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБелорусија ја предупреди Полска на можна терористичка заканаБелоруското Министерство за надворешни работи ја предупреди Полска за можна терористичка закана на полска територија, а полските безбедносни служби сега ги проверуваат наводите. Официјална Варшава вели дека сериозно ја сфаќа секоја потенцијална закана, пишува „Еуроњуз“. Предупредување доставено до полски дипломат Белоруското министерство во четврток објави дека го повикало на разговори полскиот вршител на должноста амбасадор во Белорусија, Кшиштоф Ожана. На таа средба, според официјалното соопштение, на полската страна ѝ биле дадени информации за наводно планираниот напад. Целта на нападот наводно се деца на активистите Во соопштението од Минск се наведува дека во случајот се работи за лице кое живее во Полска и има криминално досие. Ова лице неодамна ја изгуби дополнителната заштита и правото на престој во земјата. Белоруските власти тврдат дека го планирале нападот врз децата на белоруски активист кој живее во Полска. Мотивот е одмазда бидејќи активистот наводно не му помогнал доволно на осомничениот да го задржи својот легален статус во Полска. Белоруското Министерство за надворешни работи соопшти дека е подготвено да ѝ достави на Варшава дополнителни информации доколку е потребно. Полските служби ги проверуваат информациите Полската новинска агенција побара коментар од Јацек Добжински, портпарол на координативниот министер за специјални служби. „Не коментирам медиумски извештаи на оваа тема. Сепак, можам да ве уверам дека полските служби не игнорираат никакви загрижувачки сигнали и дека пристапуваат кон сите информации за можни закани со должна сериозност и решителност“, рече Добжински. Тој додаде дека специјалните служби генерално не зборуваат јавно за своите активности во раните фази од истрагата. „Вообичаено е разузнавачките служби насекаде во светот да не откриваат во оваа фаза дали презеле некакви чекори или какви точно се тие“, рече тој. Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, исто така, се осврна на ситуацијата во Варшава во петокот. Тој рече дека секое предупредување за тероризам се сфаќа сериозно. „Ова се информации стари само неколку часа и ние сè уште ги проверуваме. Секако, ние сериозно го третираме секое предупредување за тероризам и го подложуваме на верификација“, рече Сикорски.Тагови: белорусија Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИндонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанотИндонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси.Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан на бродот е во тек, соопштија официјални лица. Глисерот испловил од нуркачкиот центар во регентството Тоџо Унаун кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал, што предизвикало потрага, објави АП. Бродот превезувал пет холандски државјани, тројца Германци, по еден од Чешка, Белгија и Франција, како и двајца индонезиски членови на екипажот. Според раководителот на канцеларијата за пребарување и спасување на покраината Горонтало, Херијанта, спасувачките екипи пребарувале површина од околу 300 квадратни наутички милји користејќи глисери, дрон со термичка камера и опрема за нуркање. Преживеаните рекоа дека откако наишле на силна бура, глисерот се распаднал и потонал, а патниците се спасиле користејќи сплав за спасување, додека капетанот се изгубил во густата магла. Операцијата за пребарување на капетанот ќе продолжи во следните седум дена, соопштија индонезиските власти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook