Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи - Канал 5

Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи

Временските услови во изминатите денови, со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд, беа поволни за некои житни култури кои се во фаза на никнење како што е пченицата, велат агрометеоролозите. 

Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи

Според нив, врнежите во овој период се многу значајни, посебно количеството на влага, што е услов за ртење и никнување на семето.

-Освен влажноста, и температурата има големо влијание за поникнувањето. Пченицата во некои региони е во фаза на никнење. Ртењето на семето треба да се одвива во поволни температурни услови. Најдобри се оптималните температури кои се движат од 20 до 35 степени. Поникнувањата на житата трае 5 до 35 дена, објаснуваат агрометеоролозите.

Во тек е и собирањето на оделни градинарски култури, а поголем дел од овошните видови се во фаза на општо паѓање на листовите.

-Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Викендов времето е стабилно, суво и тивко, во утринските часови со појава на магла во одредени котлини. Утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Се препорачува земјоделците да применуваат правилни агротехнички мерки, да ги снабдуваат културите со потребните количества хранливи материи со што се зголемува отпорноста кон зимскиот мраз и да применуваат сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики кој одговара на стандардите, најдобро од реонирани и селекционирани сорти со добра здравствена состојба, истакнуваат агрометеоролозите.

Дополнуваат и дека треба да се употребува квалитетно ѓубриво.

-Доколку временските услови дозволуваат, добро е да се продолжи и со другите агротехнички мерки, како и да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и на другите конструкции. Потребно е и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и да се преземат мерки за заштита од нив, велат агрометеоролозите од УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. 

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски, соопштуваат од МТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома.

Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри.

„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците?

До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата?

„Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците?

Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер