Време за женско дружење - Џенифер и Линда Лопез на шопинг со ќерките!

Џенифер Лопез и нејзината 2 години помлада сестра Линда со нивните ќерки Ема (8) и Луси (9) поминаа лежерно попладне во Њујорк.

Линда Лопез e новинарка. Додека нејзината сетсра градеше кариера на актерка и пејачка, Линда студираше. По дипломирањето 5 години работела на радио, а сега има ТВ емисија каде обработува теми од забавата.

Close: Emme, who has a twin brother Max, wore a fur-trimmed hooded jacket and a long gray cotton scarf with blue pants while her cousin opted for skinny jeans, striped top and black coat

Џенифер, која се наоѓа во нова фаза од животот, во сериозна врска со Алекс Родригез, одвои ден за дружење со својата сестра. Веројатно Линда ја знае тајната која би сакале сите фанови на Џенифер да ја дознаат - дали таа веќе размислува за брак со поранешниот славен безбол играч...


Image result for jennifer lopez alex rodriguez

Тие веќе ги запознаа семејствата, а Алекс на крајот од минатиот месец изјави дека Џенифер е „извонредна личност, најумната што ја познава и најдобрата мајка на светот“.

- Тие се движат во вистинската насока - изјави извор за американските таблоиди.



Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер