Вредноста на компанијата NVIDIA се зголеми за 277 милијарди долари за само еден ден - Канал 5

Вредноста на компанијата NVIDIA се зголеми за 277 милијарди долари за само еден ден

NVIDIA е доминантен играч на пазарот за производство на чипови, но во последните недели растот на компанијата бил толку брз што наскоро би можела да стане највредната компанија во светот.

Вредноста на компанијата NVIDIA се зголеми за 277 милијарди долари за само еден ден

Компанијата е во центарот на најсовремениот развој на вештачка интелигенција преку своите специјализирани чипови за вештачка интелигенција, а компаниите како Microsoft, Facebook, Tesla, Samsung и Apple купиле илјадници чипови за нивните производи.

На 22 февруари, компанијата ги објави своите резултати за заработка кои ги надминале дури и високите очекувања, надминувајќи ги целите и за приходите и за заработката. Ден по објавувањето на резултатите, цената на акцииите скокнаа за 16,4%. Ова претставува еднодневно зголемување на вредноста на компанијата од 277 милијарди долари – рекордно зголемување на вредност на една компанијата. NVIDIA сега е трета по големина компанија во светот, а само Apple и Microsoft имаат поголема пазарна капитализација.

Извршниот директор на NVIDIA, Џенсен Хуанг изјави дека резултатите главно се должат на забрзаното пресметување и генеративната вештачка интелигенција и дека вештачката интелигенција достигнала точка од која нема враќање.

Компаниите како Microsoft ја користат технологијата NVIDIA за да развијат генеративна вештачка интелигенција во сите нивни производи. Овие чипови овозможуваат користење на моќни чет-ботови кои Мајкрософт има намера да ги интегрира со својот софтвер. На овој начин, работните практики ќе се трансформираат, а една реченица инструкции до четбот може да произведе статија или презентација која инаку би можела да трае со часови.

Истиот принцип може да се примени и во голем број други области, а компаниите ги препознаа потенцијалните намалувања на трошоците и зголемувањето на производството што може да ги претставува револуцијата на AI.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Бугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.

Во полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „Тракија

Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата.

Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23.

Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда..

Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер