ВРЕДИ: Промовираме реформи за економски раст и развој на приватниот сектор - Канал 5

ВРЕДИ: Промовираме реформи за економски раст и развој на приватниот сектор

Коалицијата ВЛЕН продолжува да поддржува и финансира проекти за подобрување на животот и јавните услуги.

ВРЕДИ: Промовираме реформи за економски раст и развој на приватниот сектор

Станува збор за проекти и опиплива реалност кои ќе ја дефинираат оперативната средина за развој на приватниот сектор и ќе придонесат за идниот економски раст.

Приватниот сектор е важен за економскиот развој и е локомотивата која го движи развојот и го зголемува животниот стандард.

Реформската агенда 2024-2027 за Македонија, во голема мера усогласена со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, е дизајнирана да го поттикне економскиот напредок на нашата земја. Важно е да се разјасни финансиската рамка: Планот за раст обезбедува околу 750 милиони евра преку овој инструмент, а средствата ќе се распределат во зависност од напредокот во спроведувањето на клучните реформи.

Овие реформи, кои се фокусираат на области како дигитална трансформација, подобрено владеење и зајакнување на владеењето на правото, не се само бирократска формалност. Тие се од суштинско значење за создавање поконкурентна и поатрактивна средина за бизнисот. На пример, како што е опишано во концептот предвиден за оваа работилница, до декември 2025 година, 100 административни процедури треба да бидат достапни онлајн.

Како заклучок, проектите и реформите иницирани од коалицијата ВЛЕН се важен чекор за економскиот развој на Македонија, создавајќи можности за раст на приватниот сектор и подобрување на условите за бизнис. Без да се исклучи зголемувањето на условите за работниците. Учеството во Планот за раст на ЕУ и посветеноста на дигиталната трансформација и подобреното владеење се клучни елементи кои ќе поттикнат зголемена конкурентност и животни стандарди за сите граѓани.

ВЛЕН да се посвети и на јавниот и на приватниот сектор, секаде и во се во служба на граѓаните!

ВРЕДИ

Вучиќ: Во Тирана разговарано за изградбата на гасовод меѓу Србија и Македонија

Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Македонија.

Вучиќ: Во Тирана разговарано за изградбата на гасовод меѓу Србија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави во Тирана дека денеска на самитот на Европската политичка унија разговарал за реализација на специфични инфраструктурни проекти, како што е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Македонија, јавија белградските медиуми.

„Разговаравме и за некои конкретни проекти во врска со инфраструктурните врски, имено интерконекторот со Македонија, за да можеме да размислиме за дополнителни гасни врски во иднина. Разговаравме и за други инфраструктурни проекти, за целата Агенда за раст и за Единствената европска платна зона - СЕПА“, изјави Вучиќ.

Тој посочи дека СЕПА е важна за Србија и за српските компании, но и за луѓето кои живеат и работат во странство, поради дознаките што ги испраќаат во државата.

„Се боревме за земјата и мислам дека направивме добра работа. Разговарав и со луѓе од регионот, освен на вечерата синоќа, а денеска и со Жељка Цвијановиќ, но кратко време, и со Андреј Пленковиќ и со многу други лидери, и секако, бев со Ердоган, и мислам дека за кратко време постигнавме многу и договоривме многу средби за следниот период“.

Трамп вели дека САД му дале предлог на Иран за време на нуклеарните преговори

Соединетите Американски Држави доставија формален предлог до Иран во тековните нуклеарни преговори, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп вели дека САД му дале предлог на Иран за време на нуклеарните преговори

Во претседателскиот авион Ер Форс 1, тој рече дека Иран го има планот на САД и ќе треба брзо да дејствува или ќе има негативни последици, пренесе ДПА.

Вашингтон и Техеран моментално преговараат додека заливската држава Оман е посредник во разговорите за иранската нуклеарна програма.

САД имаат за цел да постигнат договор за ограничување на иранската нуклеарна програма со цел да ја спречат земјата да развие нуклеарно оружје.

За возврат, Техеран се надева на олеснување на санкциите и економско закрепнување.

За време на неговата посета на Блискиот Исток, Трамп изрази оптимизам во врска со тековните разговори, велејќи дека мисли дека договорот е близу.

Во исто време, тој повторно се закани со сериозна воена акција против Иран доколку двете страни не можат да постигнат договор на „учтив начин“.

Во говор во Ријад, американскиот претседател нагласи дека подготвеноста на Америка за преговори нема да трае неограничено.

Во 2015 година, Иран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма според Виенскиот нуклеарен договор.

Меѓутоа, во 2018 година, за време на неговиот прв мандат, Трамп еднострано се повлече од договорот и воведе нови, строги санкции.

Како одговор, Техеран исто така престана да се придржува кон ограничувањата на договорот. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за цивилни цели, а не за развој на нуклеарно оружје.

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика дебатите за миграцијата да се водат со „разум“, во услови на зголемени гранични контроли под новата влада на земјата.

Штајнмаер: Германија би била „посиромашна земја“ без миграција

- Имиграцијата никогаш не била лесна, рече Штајнмаер во Берлин на настан по повод 50-годишнината од Интеркултурната недела, национална иницијатива против расизмот.

- Тоа не е само приказна за проблеми. Тоа е исто така секогаш важен дел од приказната за успехот на нашата земја, додаде тој.

Штајнмаер рече дека дискусиите за миграциската политика треба да вклучат и „искрен став кој кажува што сакаме и можеме да направиме“, како и „консензус дека сме и ќе останеме земја со многу потекла, религии и култури“.

- Да се биде Германец денес значи и еднакви права за оние со имигрантски биографии, додаде германскиот претседател.

Околу 21 милион луѓе во Германија, околу една четвртина од населението, или мигрирале во земјата, или се деца на мигранти, рече Штајнмаер.

- Ние сме повеќе од земја со луѓе со имигрантско потекло. Германија е земја со имигрантско потекло … Без имиграција, Германија несомнено би била посиромашна земја, истакна тој. /МИА

притисни ентер