Постапката следуваше во моментот на честитањето по церемонијалниот дел на потпишувањето на договорот за решавање на деценискиот спор со јужниот сосед.
Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан откако ја зеде вратоврската, ја стави во вид на марамче во костумот на Ципрас. Реакцијата на присутните беше позитивна и на некој начин претставуваше добар потег.
Грчкиот премиер вообичаено не носи вратоврска. Така беше и сега. Подарокот од Заев беше декор во џебот на оделото.
Да цениш но и да те ценат, вратоврската е симбол на Европа и претставува знак на темелни човечки вредности.
Црвената боја на вратоврската упатува на љубов и соживот меѓу народите. Симболиката се толкува и како порака во комуникација со другите - да се биде достоинствена и голема личност , свесна за својата слобода но и за своите одговорности.
Вратоврската се смета за изворен хрватски производ, во Европа се проширила во 17-от век благодарение на хрватските војници чиј препознатлив моден детаљ била токму вратоврската.
Познатото име кравата е всушност модификација на зборот кроата.
Вратоврската во Хрватска е симбол на Европа.