Врачена Светската награда на хуманизмот на бугарскиот уметник Русев - Канал 5

Врачена Светската награда на хуманизмот на бугарскиот уметник Русев

На свечена церемонија во Куќата на Уранија во Охрид вечерва му беше врачена Светската награда за хуманизам за 2014 година на бугарскиот академски сликар Светлин Русев.

Врачена Светската награда на хуманизмот на бугарскиот уметник Русев
Признанието на лауреатот му го врачи градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, а пригодна реч за делото на Русев одржаа Лилјана Плевнеш, член на жирито и претседателот на Охридската академија на хуманизмот, амбасадорот Јордан Плевнеш.

- Академик Светлин Русев, сликар со интернационално реноме, оправдано го носи своето име. Покрај со своите уметнички дела тој е познат во светот, особено во Бугарија, затоа што својата голема колекција од повеќе од илјада дела на познати бугарски и светски сликари ја подарил на својот роден град Плевен. Таму има дела на Рембрант, Гоја, Делакроа...Самиот Делакроа по завршувањето на една негова слика, која важи за негов духовен тестамент, се запрашал дали е оној кој го носи неговото име? Токму за Светлин Русев може да се каже дека е оној кој го носи своето име, оној кој го носи името на светлината, како синоним на она што е недофатливо, предизвикот во неговото творештво да го материјализира духовниот свет, истакна меѓу другото Лилјана Плевнеш.

Амбасадорот Јордан Плевнеш вечерашниот настан го опиша како балканска, духовна, пикторална и хумана револуција, бидејќи во светиклиментовата средновековна школа на хуманизмот влегуваат сликите на Русев, а духовното единство меѓу Македонија и Бугарија влегува во европските и светските трезори.

Повикувајќи се на изјава на Хорхе Луис Борхес кога вели дека постои само едно нешто што е идеално, бесмртно и вечно, а тоа е човештвото, Плевнеш истакна дека токму сликите на Русев се „бесмртни смарагди во милиобиблионот или светот претворен во уметност, на оваа охридска ноќ што влегува во енциклопедискиот речник на уметноста која единствено може да го спаси светот“.

Русев е осмиот лауреат на Светската награда на хуманизмот, востановена во 2007 година, како признание за врвни дела на личности од светската уметност. Досегашни лауреати се јапонскиот будистички филозоф Даисаку Икеда, португалскиот синеаст Мануел де Оливеира, рускиот писател и нобеловец Александар Солженицин, индискиот композитор, хуманист и филозоф Рави Шанкар, театарскиот режисер и теоретичар Питер Брук, српската писателка Вида Огњеновиќ и германската нобеловка Херта Милер.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

Општина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите.

Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост.

„Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски.

Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара

Со засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара

Проектот е во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран напредок.

Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт.

➡️ Новиот мост ќе располага со:

✔️ Две коловозни ленти

✔️ Тротоари од двете страни

✔️ Вкупна ширина од 8,5 метри

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност и современи услови за сите учесници во сообраќајот.

Продолжуваме со инвестиции во модерна и безбедна патна инфраструктура, за подобар квалитет на живот на сите граѓани!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна во Мексико: Пријавени се жртви (ВИДЕО)

Две лица загинаа вчера кога авион од типот „Cessna 210“ се урна во Мексико.

Авион се урна во Мексико: Пријавени се жртви (ВИДЕО)

Воздухопловните власти потврдија дека леталото паднало набргу по полетувањето од Националниот аеродром „Пачука“ во сојузната држава Идалго.

Според Мексиканската федерална агенција за цивилно воздухопловство (AFAC), авионот – со кој оперирала компанијата „Grupo Aeroespacial Avspace“ – полетал во 9:30 часот по локално време.

Леталото се упатило кон Меѓународниот аеродром „Куернавака“ во сојузната држава Морелос.

Авионот се урнал само една минута по полетувањето, за време на почетната фаза на искачување, врз авенијата „Тезонтеле“ во населбата „Вента Приета“. Местото на падот се наоѓа на приближно 500 метри од почетокот на пистата, надвор од аеродромскиот комплекс.

Започната е истрага

Од „AFAC“ соопштија дека двете лица кои се наоѓале во авионот загинале, а започната е и административна истрага за да се утврди причината за несреќата. На местото на настанот пристигна персонал од управата на аеродромот „Пачука“ за да ги спроведе потребните процедури и да ја координира работата на службите за итни случаи.

Властите сè уште не ги објавија идентитетите на жртвите, ниту детали за нивните улоги во авионот.

Во моментов нема официјални информации за евентуален технички дефект, временски услови или други околности што можеле да влијаат врз летот. Исто така, не е потврдено дали има повредени лица на земјата, ниту дали е причинета штета на објекти или возила. „ Cessna 210“ е едномоторен авион што се користи во приватната и општата авијација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер