Вработените во Ферари ќе добијат рекорден бонус - Канал 5

Вработените во Ферари ќе добијат рекорден бонус

Во Ферари решија да ги наградат своите вработени со бонус за исклучително успешната деловна година.

Вработените во Ферари ќе добијат рекорден бонус

Имено, во текот на 2022 година, Ферари испорача 13.221 автомобил, што е зголемување за дури 18,5 отсто во однос на годината пред тоа.

Како што потврди првиот човек на компанијата Бенедето Виња, на работниците ќе им биде исплатен бонус од 13.500 евра. И на секој од околу 5.000 лица, колку што се вработени во погоните на Ферари. Во однос на претходната година, ова е зголемување од 12,5 отсто.

Добро е што следната година вработените во Ферари би можеле да добијат уште поголем бонус. Имено, оваа година на пазарот доаѓа кросоверот Purosangue, кој веќе има двегодишна листа на нарачки. Ако се земе предвид како профитот се максимизира на ваквите модели, веќе можат задоволно да си ги тријат рацете во Ферари.

Се чини дека втората најдобра работа за поседување автомобил Ферари е вработувањето во Ферари.

Да потсетиме, на почетокот на годинава и од Мерцедес најавија дека ќе доделат рекордни бонуси на работниците. Сите 100.000 работници во Германија ќе добијат бонус од 7.300 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Готик Војсис“ со рафинирана изведба на средновековна музика

Рафинираност, висок квалитет и спиритуалност  во изведбата на средновековна музика покажаа  членовите на ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија кои синоќа настапија во црквата „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“.

„Готик Војсис“ со рафинирана изведба на средновековна музика

Извонредните гласови на мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли донесоа дела од Џоан Меткалф, Џон Данстапл, Ричард Смерт, Арво Перт, Леонел Пауер, композиции од непознати автори од 13-от, 14-от и 15-от век, како и грегоријанскиот напев Gaude, Maria virgo.

-Програмата со која настапивме беше мешавина од современа и раносредновековна музика. Кога ја креиравме, сфативме дека тие се вклопуваат совршено. Централно дело на концертот беше делото на Ендру Смит кој е норвешки композитор и е со текст на Stong wel, moder, песна од 14-от век. Сето тоа е базирано на легендата за Богородица и различните аспекти на нејзината пресветост. Сите тие аспекти совршено се вклопија во нашата програма, истакна тенорот Џулијан Поџер.

Во своето 46-годишно постоење, ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.

Во Велика Британија ансамблот „Готик Војсис“ редовно настапува на фестивалите во Алдебург и Честер, на фестивалите за рана музика во Јорк и Бирмингем, а честопати гостуваат на меѓународните фестивали во Единбург и Челтнам. Нивните европски турнеи ги носат на фестивалите во Фландерс, Утрехт, Вормс, Штутгарт и Келн, како и на фестивалот „Вестфолд“ во Норвешка. Имаат остварено настапи во Израел, во САД и Јужна Америка.

Покрај нивниот репертоар посветен на средновековната и рана музика, „Готик Војсис“ исто така исполнуваат и современа музика, особено дела кои во себе содржат некаква средновековна асоцијација. Голем број од композиторите на денешницата се инспирирани или врз нив влијае средновековната музика, па така честопати ансамблот прави необични и експериментални програми во кои се вметнати нови дела наспроти традиционалните програмски определби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Ново Село го извади на површина талогот на СДС кој Филипче ги нарекува деца

Тоа се возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Ново Село го извади на површина талогот на СДС кој Филипче ги нарекува деца

Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС.

Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога.

Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на граѓаните, насилство, криминал и лица корисници на наркотични средства, какви што има во највисоките партиски редови.

Внукот на Заев, Христијан Ефтимов и неговиот другар Илија Стојанов се условно осудени на казна затвор од една година и шест месеци поради насилство врз странски државјани во Струмица. А, тоа и сами го потврдија со секојдневните изјави.

Овие лица не можат да се претстават како жртви, тие се производ на талогот на СДС, кои сметајќи дека се деца на Заеви можат да прават што сакаат, кога и да сакаат без за тоа да одговараат.

Кога политичари како Филипче застануваат зад вакви лица и се обидуваат да ги претстават како жртви, јавноста има право да праша, каква порака им испраќаат на младите и какви вредности сакаат да наметнат како модел на однесување?

Со такви ликови не се гради држава и таква иднина на Македонија и на македонската младина не им треба.

Граѓаните не сакаат политика во која блискоста со моќни политички семејства создава чувство на недопирливост, не сакаат релативизирање на насилството, не сакаат двојни стандарди и, што е најважно, не сакаат враќање на политиките од времето на СДС и Зоран Заев.

Талогот на СДС не може да биде вредносна норма и нема место во новата политичка и општествена реалност.

На талогот од СДС местото им е далеку од политика и граѓаните, како на неколкуте последователни избори, така и на следните, кога и да се случат, ќе ги испрати не само во уште подлабока опозиција, туку во политичка историја.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода - ниту еден експерт, ниту еден документ, ниту еден одговорен!

Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода.

СДСМ: Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода - ниту еден експерт, ниту еден документ, ниту еден одговорен!

Повеќе од 4.700 граѓани завршиле во болница.

Епидемија на жолтица.

И до денес - ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата.

Ниту еден официјален документ.

Ниту една потпишана експертска проценка.

Зошто?

Затоа што никој не сака да потпише документ со кој би го потврдил тоа што го бара Мицкоски, бидејќи потоа би можел кривично да одговара.

Наместо стручните лица и институции, јавноста ги слуша „експертите“ на власта:

• Клековски – НВО менаџер

• Христијан Мицкоски - машински инженер

• Панче Тошковски - правник

• Стојанче Ангелов - полицаец/специјалец

Машински инженер, полицаец, правник и НВО-менаџер ни ја објаснуваат хиперхлорацијата, чистењето на цевководите, епидемијата на жолтица и квалитетот на водата за пиење.

Ова е лицето на оваа Влада. Експерти за сè.

Кога треба да се превземе одговорност - нема експерт, нема институција, нема потпис.

Кога треба да се избегне одговорност, има прес-конференции и изјави без покритие.

Повеќе од еден месец луѓе се трујат.

Повеќе од 4.700 лица завршија во болница.

А државата сè уште нема капацитет да издаде еден единствен стручен наод.

Граѓаните на Гостивар не бараат политички изјави.

Бараат чиста вода и одговорност.

Досега го нема ниту едното, ниту другото.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер