Вработен во училиште силувал девојче во Гостивар – обвинителството бара притвор - Канал 5

Вработен во училиште силувал девојче во Гостивар – обвинителството бара притвор

28 годишен гостиварец, вработен во основно училиште, е осомничен дека силувал 14 годишно девојче од Гостивар.

Вработен во училиште силувал девојче во Гостивар – обвинителството бара притвор

Како што соопштуваат од обвинителството, обвинетиот го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.

Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 8 години.

Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, правејќи уште едно кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години.

-Имајќи ги предвид високите запретени казни за овие кривични дела, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик осомничниот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Исто така, постои опасност да влијае врз детето-жртва, но и да го повтори делото. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, велат од Обвинителството.

Случајот во полиција го пријавил таткото на девојчето, а по преземени мерки, лицето било пронајдено, извршен бил претрес во неговиот дом како и уште еден дом на подрачје на селото Равен, каде приведеното лице престојувало при што биле одземени лаптоп, мобилен телефон, УСБ-стик и други предмети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија искачи 29 места на светската ранг-листа за сајбер-безбедност

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. 

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија искачи 29 места на светската ранг-листа за сајбер-безбедност

Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59 на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени.

Владата донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја усвои Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 со Акциски план и ги зајакна механизмите за координација и реакција при сајбер-инциденти.

Со овие мерки се создава посигурна дигитална инфраструктура, подобра заштита на податоците на граѓаните и поголема отпорност на државните системи.

Ова е конкретен резултат од реформите и голем чекор кон модерна и безбедна дигитална држава, во интерес на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Продолжува измамата на НЕ-ВРЕДИ

И партијата Алтернатива сè уште фигурира како активен политички субјект во Централниот регистар.

ДУИ: Продолжува измамата на НЕ-ВРЕДИ

Документите откриваат уште еден скандал: раководството на Алтернатива го сменило претседателот на партијата без да ги информира ниту членството, ниту јавноста.

Според податоците во Централниот регистар, претседател на Алтернатива е Зекирија Бериша, шеф на кабинетот на министерот Беким Сали.

Кога е избран Зекирија Бериша за претседател? Кој партиски орган ја донел оваа одлука? Зошто промената била чувана во тајност? Дали членовите на Алтернатива знаат кој правно ја раководи нивната партија?

Имаме скандалозен и, најверојатно, невиден случај: една партија го менува претседателот во официјалните документи, а овој факт го крие од граѓаните и од сопственото членство.

БЕСА продолжува да постои со Билал Касами како претседател. Алтернатива продолжува да постои со Зекирија Бериша како претседател. Таканареченото „соединување“ го имаат само за конференции и пропаганда.

Партиите, претседателите, печатите и интересите продолжуваат да функционираат одделно.

Не-вреди е измама од темел до врв.

ДУИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача иницијативата „И здравје и работа“.

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Од иницијативата посочуваат дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да се спротивставуваат на економскиот развој. Напротив, современото и одговорно рударство подразбира високи еколошки стандарди, примена на современи технологии, континуиран мониторинг и силна институционална контрола.

„Никој не треба од јавноста да бара слепо да верува во кој било рударски проект. Но, исто така, никој не треба да бара од јавноста да верува во обвинувања кои не се поткрепени со стручни анализи и релевантни докази. За секој проект треба да зборуваат фактите, техничката документација, научните проценки и законските процедури“, велат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата нагласуваат дека секој рударски проект мора да биде подложен на сериозна и независна проценка. Прашањата поврзани со водата, воздухот, почвата, управувањето со отпадот, безбедноста и рекултивацијата се легитимни и неопходни, но нивните одговори треба да произлезат од стручни анализи и институционални процедури.

Од „И здравје и работа“ сметаат дека во дебатата не треба да се занемарува ниту економскиот придонес што современото рударство може да го има за државата.

„Кога зборуваме за рударството, мора да зборуваме и за неговиот потенцијал да создава нови работни места, да го зголеми извозот, да носи приходи во државниот и локалните буџети и да отвора простор за развој на домашните компании. Секако, ниту една економска придобивка не може да биде оправдување за непочитување на еколошките стандарди. Но, исто така, ниту една претпоставка за можен ризик не смее однапред да биде причина да се отфрли инвестиција без да се разгледаат фактите и стручните проценки“, велат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата нагласуваат дека критичката јавност е неопходна, но критиката не смее да значи однапред донесен заклучок дека секој рударски проект е опасен, дека секој експерт кој зборува за рударството има скриен интерес или дека секој кој има поинаков став е против заштитата на животната средина.

Од иницијативата додаваат дека Македонија не треба да ја сведува дебатата за рударството на изборот „или екологија или рударство“.

„Дебатата треба да се води околу тоа дали можеме да имаме рударство кое ги почитува највисоките еколошки стандарди, а истовремено да создава економска вредност за државата и граѓаните. Одговорот треба да го дадат науката, стручната јавност и институциите, а не стравот и политичките поделби“, порачуваат од „И здравје и работа“.

Од иницијативата повикуваат на отворена, аргументирана и конструктивна дебата, во која ќе има простор и за критички ставови, но и за мислењето на стручните лица, без нивно дискредитирање или замолчување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер