Вработен во ЈСП заразен со Ковид-19

 Во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје е регистрирано едно лице позитивно на Ковид-19.

Од ЈСП информираат дека инфицираното лице навремено е хоспитализирано и посочуваат дека не бил во контакт со колегите повеќе од две недели со оглед на примената на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица.

Лицето, како што соопштуваат од ЈСП, не било вклучено во извршување на јавниот превоз, туку е дел од помошно-техничкиот персонал (паркирач) кое било во ограничен контакт со останатите вработени лица.

Оттаму информираат дека уште пет лица вработени во ЈСП-Скопје, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација, откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик.

ЈСП-Скопје како општествено одговорно претпријатие и натаму ќе се придржува и ќе ги презема препорачаните мерки во борбата за превенција од ширење на Ковид-19, а истовремено ги повикуваме корисниците на јавниот превоз да се придржуваат кон апелите за рационално користење на јавниот превоз и да се однесуваат согласно препорачаните мерки донесени од Влада на РСМ.

– Сите возила вклучени во јавниот превоз секојдневно се подложни на дополнителна дезинфекција, а секојдневно се прават напори на вработените лица да им се обезбедат заштитини маски, ракавици и средства за дезинфекција. Согласно превентивните и заштитните мерки донесени од Владата на РСМ, 179 лица се ослободени од работа, поради хронични заболувања, бременост, родители на деца до 10 години и слично. На сите лица кои влегуваат во автобазите (работните простоии) на ЈСП-Скопје им се мери телесната температура, а на сите вработени кои не се потребни во режим на намален интезитет на работа им се сугерира да ги користат старите годишни одмори. Дирекцијата има скратено работно време, воведено е ротационо работење, дел од билетарниците и центрите за персонализација се затворени или работат скратено, така да се превземени сите можни превентивни и заштитни мерки, се вели во соопштението на ЈСП.

ЈСП-Скопје ја информирa јавноста дека одговорно, навремено и активно ги спроведува и презема сите неопходни, превентивни и заштитни мерки во борбата против ширење на Ковид-19, како би ги заштитило корисниците на јавниот превоз и своите вработени.

Санофи и ОпенАИ ќе соработуваат за развој на лекови користејќи вештачка интелигенција

 Францускиот фармацевтски гигант Санофи (Sanofi) е подготвен да соработува со развивачот на технологија ОпенАИ (OpenAI) за да изгради софтвер за вештачка интелигенција за забрзан развој на лекови, јави ДПА.

Компаниите ќе соработуваат и со американската фармацевтска групација Формација Био за да ги проучат потенцијалните позитивни ефекти на вештачката интелигенција врз пациентите кои чекаат нови третмани.

Според договорот, компаниите ќе комбинираат податоци, софтвер и модели за да развијат приспособени, прилагодени иновативни решенија за развој на лекови.

Неодамна беше објавено и дека технолошкиот гигант „Епл“ („Apple“) е во завршна фаза на постигнување договор со ОпенАИ за вклучување на неговите функции во претстојниот мобилен оперативен систем - iOS 18. /МИА

ЗНМ со осуда на цензурата од директорката во Токсикологија, Бесија Иљази

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.05.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката, соопштуваат од ЗНМ.

Тухел ќе паузира или ќе предводи клуб од Премиер лигата

Томас Тухел ќе паузира од кариерата или ќе предводи премиерлигашки клуб, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Педесетгодишниот стручњак ја напушти функцијата главен тренер на Баерн.

Во исто време, клубот од Минхен на Тухел ќе му плати повеќе од 10 милиони евра.

Договорот на германскиот фудбалскиот стручњак е со важност до 30 јуни 2025 година, но ќе биде раскинат доколку тренерот се договори со друг клуб и Баерн нема да бара отштета за трансферот.

Меѓу најсериозните опции во Англија се Челзи и Манчестер јунајтед. /МИА

притисни ентер