Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година
ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
1Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година
2ЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последици
3Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
1 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
МакедонијаВозниот парк во Македонија се зголемил двојно со увоз на половни возила, главно на дизел – просечената старост 20 годиниПоследните години растат и цените на возилата, но сепак нивниот број во земјава е двојно зголемен за една декада – од 350.000 во 2012 година, на речиси 700.000 во 2024 година... Во последните 10 години повеќе од 80 проценти од возилата што се увезуваат се половни, а дизел горивото доминантно кај македонските возачи – покажуваат податоците на Државниот Завод за Статистика (ДЗС) и Царинската Управа. Речиси две третини од автомобилите на македонските патишта се на дизел, а само еден процент се хибрид или електрични. Во 2024 година вкупно се регистрирани над 684 илјади возила, од кои 580 илјади патнички автомобили. Од нив, безмалку 366 илјади возат на дизел, над 150 илјади на бензин, а околу 6.500 хибрид и електрични возила. Споредбено со 2014 година кога имало 145 илјади дизели, во 2024-тата имало два и пол пати повеќе. Иако констанатно се зголемува бројот на возила, на патиштата се возат постари автомобили. Просечната старост на автомобилите во Македонија е речиси 20 години, а безмалку 90 проценти од нив се постари од 10 години. Компаративно со 2009 година, просечната старост на возилата тогаш била 15 години, а од нив 70 проценти биле постари од 10 години. Според податоците на ДЗС, речиси половина милион возила на патиштата се произведени пред 2010 година и се под Еуро-5 еколошкиот стандард. Во Македонија за 12 години – од 2012 до 2024 година – вкупниот број на возила е зголемен од 350 на 699 илјади, од кои една третина биле регистрирани само во Скопје. Истите бројки процентуално изразени се и само за патничките автомобили. Од 2009 година досега се увезени над 630 илјади возила од кои 515 илјади биле половни, а 115 илјади нови автомобили. Минатата година за првпат по 2009 година бројот на увезени нови автомобили го надминал бројот на половни возила – донесени се 10 илјади нови возила, а речиси 3.000 биле половни. Постојан пораст на регистрирани возила има кај електричните и хибрид-возилата. Во 2023 година биле регистрирани 561 електрично возило, а во 2024 година тројно повеќе. Уште повеќе е зголемен бројот на регистрирани електрични возила, која за 10 години од 1.300 хибрид-автомобили пораснал на 5.000. Во последните 10 години е опаднат и бројот на бензинците на патиштата. Во 2014 година на патиштата имало над 215 илјади бензин-возила, а во 2024 бројката на бензин-возилата е над 150 илјади. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМинистерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 годинаМинистерство за култура и туризам информира дека Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година.Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда, под условите определени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство. Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2026 година. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам. Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последициОсновното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски”.Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024 година, на Одделот за интерни болести во болницата, несовесно лекувале 40-годишна пациентка, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба кое резултирало со смртен исход. Пациентката се јавила во болницата по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнение за воспаление на вените – тромбофлебитис. Но, по почетниот преглед на интерното одделение, без целосна анамнеза и детални анализи, и била поставена дијагноза – ревматоиден артритис и била дадена терапија, по што била пуштена дома. Како резултат на тоа, не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба, со што била пропуштена реална можност за навремено откривање и лекување на тромботичниот процес кај оштетената, за спречување или ограничување на напредувањето на тој процес, како и на последователното влошување на нејзината здравствена состојба. На 01.06.2024 година пациентката со силни болки во стомакот и влошена општа состојба повторно се јавила на преглед во болницата. Иако тогаш била хоспитализирана, во следните четири дена, и покрај абнормалните вредности на лабораториските и биохемиските анализи, ниту еден од дежурните лекари не презел дополнителни дијагностички испитувања со цел да се испитаат причините и да се одреди соодветна терапија. Затоа здравствената состојба на оштетената продолжила значително да се влошува. Попладнето на 04.06.2024 година, таа побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба. При итно извршениот хируршки зафат и била констатирана тромбоза на горната и долната мезентерична артерија со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Таа состојба веќе била неоперабилна и на 05.06.2024 година оштетената починала, стои во соопштението од Обвинителството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензијаНеславен крај на една огромна кариера – на Кристијано Роналдо му се заканува суспензија, навивачите предизвикаа хаос на аеродром.Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ги напушти репрезентативните подготовките и во текот на ноќта пристигна во Мадрид, а според дисциплинскиот правилник на Фудбалскиот сојуз на Португалија, му се заканува суспензија во траење од еден до шест месеци, како и парична казна. 🚨 IMAGEN @elchiringuitotv | CRISTIANO YA ESTÁ EN MADRID 🚨 👀 Llega tras abandonar la expedición de Portugal. https://t.co/eJhKuEigFn — El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 1, 2026 Роналдо го напуштил аеродромот „Барахас“ околу 2:40 часот по локално време, по лет од Копенхаген кој траел приближно три часа. Неговото излегување од аеродромот привлече голем број навивачи, а во еден момент неколкумина од нив ја пробиле безбедносната зона во обид да ја видат португалската ѕвезда. Заминувањето на 41-годишниот напаѓач на Ал Наср може да повлече сериозни дисциплински последици. Според Дисциплинскиот правилник на Португалската фудбалска федерација (FPF), играч кој е уредно повикан во националниот тим, а неоправдано ќе го напушти или нема да присуствува на тренинзи, натпревари или активности на репрезентацијата, може да биде казнет со суспензија во траење од еден до шест месеци. Cristiano Ronaldo leaves the stadium and heads to the Portugal team hotel, where he will wait for his private jet back to Madrid. https://t.co/rnNLXyTVA8 — Al Nassr Zone (@TheNassrZone) September 30, 2026 За професионалните фудбалери е предвидена и дополнителна парична казна од пет до десет пресметковни единици, што во овој случај изнесува приближно 500 до 1.000 евра. Во членот 160 од правилникот исто така се наведува дека отсуството или напуштањето на репрезентативните активности може да доведе до автоматска превентивна суспензија на играчот. Инаку се започна пред дуелот во Осло меѓу Норвешка и Португалија. Тензиите станаа очигледни по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка во Осло. Роналдо беше стартер во победата од 1:0 над Велс во првото коло од групата А4 во Лигата на нации, но следниот натпревар против Норвешка го започна од клупата за резерви. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не настапи. По завршувањето на натпреварот, португалскиот капитен незадоволен се упати кон соблекувалната и не остана со соиграчите за време на поздравот со навивачите. Ситуацијата дополнително ескалираше следниот ден. Роналдо се ограничи на вежбање во теретаната на хотелот каде што престојуваше репрезентацијата, иако се појави на местото каде што се одржуваа тренинзите.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00