Вознемирувачка закана од италијанските навивачи до управата на некогашниот прволигаш

Неверојатна слика доаѓа од Италија. Три крста и пресечена свинска глава не се реквизити за некој ефтин хорор филм, туку нешто што осамна на тревникот на Ливорно.

Имено, клубот од Тоскана веќе некое време се бори со големи финансиски проблеми и игра во пониските фудбалски лиги, а навивачите за тоа ја обвинуваат управата.

За да го искажат своето незадоволство и да им се заканат на тројцата директори на клубот, навивачите заковаа три крста на тревникот и ставија отсечена свинска глава пред нив.

На транспарентот зад крстовите пишува „Ќе платите, ќе платите за сè“.

Охрид СОС ја достави до Владата петицијата за спас на Преспанското Езеро

 Здружението Охрид СОС достави 5.522 потписи од петицијата „Барање за преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро" до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Потписите, како што соопшти Здружението, биле собрани во период од 25 септември до 25 ноември, а петицијата е поддржана од 31 граѓанска организација.

– Во прилог кон потписите беше доставен допис, во кој се осврнавме на активностите за кои дознаваме преку соопштенијата на МЖСПП, како и дописот кој Министерството го испрати до нас на 28 септември. Од тогаш, па до денес забележуваме напредок во однос на експертската група, која работи на изготвување акциски план, стои во соопштението.

Забележуваат дека нема информација за трилатералното тело, кое, како што е наведено, треба да работи на координирани мерки и активности со оглед на тоа што Преспанско Езеро припаѓа на три држави. Сооред соопштението на Охрид СОС, не се реализирала ниту најавата за можно прогласување кризна состојба во Преспанскиот слив која била најавена за 1 октомври годинава.

– Го повторивме барањето за посветена страница со сите поврзани документи, тајмлајн, каде секој, во секое време ќе може да се информира за состојбата, најновите сознанија, мерките, што точно се работи и каков е напредокот. Ја реафирмиравме и потребата од прогласување кризина состојба за непречено и ефикасно спроведување на мерките, како и интензивирање на прекуграничната соработка и дефинирање на работни задачи до крајот на годината. Очекуваме акциски план, кој беше најавен за крајот на ноември, а за кој сè уште нема информација, да биде објавен и ставен во акција час поскоро, посочуваат од Охид СОС.

Петицијата, како што е нагласено, е отворена и Охрид СОС повикува на поддршка со цел да се најде одржлив начин на управување за Преспанското Езеро.

Кандидат со име Адолф Хитлер победил на избори во Намибија

На локалните избори во Намбија е избран еден кандидат кој се вика Адолф Хитлер, пренесе германскиот дневник „Билд“.

Овој 54 годишен Намбиац, Адолф Хитлер Уунона, освоил 84,88 отсто од гласовите во дисктиктот Опунџа во регионот Ошана, на сверот од Намибија.

Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата „СВАПО“, со која победил на актуелните регионални избори.

Тој за „Билд“ објаснил дека името му го дал неговиот татко.

„Очигледно мојот татко не разбирал кој бил Адолф Хитлер“, реко тој.

Вели дека, додека бил дете, името му било сосема нормално, се додека не пораснал и дозјал чие име носи.

„Со сите тие работи кои ги правел тој човек чие име го носан немам никаква врска“, вели тој.

Во јавноста настапува најчесто како Адолф Уунона изоставувајќи го Хитлер.

Рекол дека името не може да се промени затоа што се наоѓа во сите негои официјални документи.

„За тоа е сега доцна“, додал тој укажувајќи дека името Адолф во Намибија, поранешна германска колонија, било сосема нормално.

Приведен сопственик на угостителски објект од тетовско

Полициски службеници на СВР Тетово во тетовска Мала Речица вчера го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект, затоа што било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното време.

-При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот на 39-годишниот 3.А. работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати шест гости, се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека З.А. е задржан во полициската станица во Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија".

притисни ентер