Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби - Канал 5

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен бил од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби

- Вчера во 14:22 часот, на автопатот А1 Неготино - Стоби, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода М.Н., на возраст од 55 години од Република Србија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 120 километри на час, појаснија од СВР - Велес.

Притоа додадоа дека по насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе била поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тргнала кон болница, но бебето не чекало- жена за две минути се породила во воз во Холандија

Бремена жена се породила во воз во холандскиот град Гронинген откако ѝ пукнале водењакот додека патувала кон болница на преглед.

Тргнала кон болница, но бебето не чекало- жена за две минути се породила во воз во Холандија

Локалните медиуми објавија дека мајката и новороденото бебе се добро.

Жената се качила на воз „Арива“ на станицата „Еуропапарк“ и добила породилни болки кратко по поаѓањето, објави „NL Times“.

Според еден патник, целиот инцидент се случил за околу две минути. Патниците повикале брза помош и прашале дали има лекар во возот.

Медицинските сестри се качиле на возот на станицата „Гронинген“ за да им помогнат на мајката и бебето.

Железничката компанија „Арива“ потврди дека породувањето се случило во возот, но одби да даде дополнителни детали поради загриженост за приватноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијански војници од елитните единици се на улиците на Милано

Петстотините војници кои ќе бидат распоредени во Милано од следните неколку дена до крајот на годината се членови на падобранската бригада Фолгоре од Сиена.

Италијански војници од елитните единици се на улиците на Милано

Нивното распоредување ќе се одвива во законските рамки на проектот „Страде Сикуре“ („Безбедни улици“).

Нивното распоредување ќе го одлучи префектот на Милано, по консултација со началникот на полицијата, кој ќе побара начинот на нивното распоредување да се одреди според потребите, од патролирање до стационарен надзор.

Затоа, нема да има посебен пропорционален однос помеѓу распоредувањето на падобранци, кои ќе можат да извршуваат исклучиво задачи од јавната безбедност, и распоредувањето на полициските сили, кои исто така имаат овластувања на судска полиција.

Според достапните информации, може да се предвиди и распоредување на војници специјализирани за управување со беспилотни летала.

Одлуката за распоредување на 500 падобранци од елитната бригада Фолгоре во Милано е донесена како одговор на насилството, грабежите и вандализмот за време на протестите на 17 и 18 октомври, но и поради стравувањата дека немирите би можеле да се повторат во текот на наредните викенди. Италијанската влада сака да го зголеми присуството на безбедносните сили во градот до крајот на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите

Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро.

Во Париз се воведени строги мерки за да се спречат грабежите и вандализмот за време на протестите

Париската полиција воведе полициски час во некои делови од француската престолнина, кој ќе биде на сила секоја вечер до понеделник наутро, како дел од зголемените безбедносни мерки поради најавените протести и стравот од нови инциденти, објавува LeFigaro.fr.

Според одлуката на полициските власти, на сите лица, без разлика дали се возрасни или малолетни лица, им е забрането да бидат на јавни места во областа на Плоштадот на Републиката и квартот Ле Хол во текот на ноќта, од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден. Оваа мерка е на сила од 22 до 25 октомври.

Одлуката е донесена во време на зголемени тензии во Париз, по насилните судири, грабежите и судирите меѓу демонстрантите и полицијата во последните денови. Француските власти се обидуваат да спречат повторување на немирите и да ги заштитат граѓаните, бизнисите и јавниот имот, додека низ целата земја се очекуваат нови собири.

Сè уште не е објавено дали полицискиот час ќе биде продолжен и по понеделник наутро. Надлежните органи продолжуваат да ја следат безбедносната состојба, а можни се дополнителни мерки во зависност од развојот на настаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер