Возел Мерцедес со 160км/час низ град, завршил во затвор (ВИДЕО) - Канал 5

Возел Мерцедес со 160км/час низ град, завршил во затвор (ВИДЕО)

Неверојатниот пример за неодговорно и крајно опасно возење нема да остане неказнет од британскиот суд.

Возел Мерцедес со 160км/час низ град, завршил во затвор (ВИДЕО)

27-годишниот Арон Ли е снимен како вози низ британскиот град Сандерленд со неговиот црн Мерцедес. На патот со три ленти каде што е снимен, ограничувањето на брзината е 48 км на час. Но, тоа не го спречи да вози неверојатни 160 км / ч на погрешна страна од патот. Во својата луда трка, тој прелета преку пешачки премин, а според локалните медиуми, станува збор за фреквентна улица недалеку од болницата.

Судскиот процес е пред крај, а зад долгиот процес стои макотрпна работа. Имено, за осудата обвинителството морало да ја докаже минималната брзина со која се движело возилото, што вклучувало бројни вештачења. Висококвалитетната снимка добиена од обвинителството, сепак помогнала.

Алан Браун од локалната единица за сообраќајни несреќи за Chronicle Live изјави дека е шокиран од снимката: „Ова е еден од најлошите примери за брзо возење што сум го видел во целиот мој работен век “.

YouTube video

Неодговорниот возач на Мерцедес е прогласен за виновен и пресудата ќе биде донесена на 23-ти октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

Од 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.

МВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кациги

МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството

Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери.

Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје, за кој се разгледува кај „Борис Трајковски“. Планот опфаќа современ здравствен комплекс поврзан со „8 Септември“ преку топол подземен премин, а во целината се вклопуваат и ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“.

Во меѓувреме, резултати има и во постојните установи. Во „8 Септември“ се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровот, а обновена е и трауматологија во Старата градска болница.

Во ГАК се вложени 110 милиони денари за реконструкција и опрема. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обновени 6 операциони сали, а уште 4 се очекува да бидат ставени во функција. Вкупно се реконструирани над 10 здравствени објекти и клиники, со набавена современа опрема вредна неколку милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозна состојбата со пожарот помеѓу Зелениково и Студеничани

Се уште е сериозна состојбата на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот Моране, Вртекица и Рамни Габер ко Палиград. 

Сериозна состојбата со пожарот помеѓу Зелениково и Студеничани

Активни се пожарите во гостиварскот село Трново, над селото нежилово општина Чашка. Во текот на деноноќието се изгаснати уште 25 пожари на повеќе локации низ земјава. Заради ветерот што дуваше од овој дел на градот, вчера целата скоспка котлина беше покриена од густ чад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер