Возел гола женска легната врз Ферари по улиците на Ибица (ВИДЕО) - Канал 5

Возел гола женска легната врз Ферари по улиците на Ибица (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како гола убавица лежи врз црвено Ферари во движење по улиците на Ибица.

Возел гола женска легната врз  Ферари по улиците на Ибица (ВИДЕО)

Возачот и убавиот ,,додаток” за црвеното Ферари добија слава на интернет , но сега имаат проблеми со полицијата.

YouTube video

Според медиумите , полицијата е во потрага по возачот на автомобилот , кој направил прекршок. Шпанските медиуми пишуваат дека за такво возење казната изнесува 500 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиев: ВМРО - ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ

​Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар.

Ѓорѓиев:  ВМРО - ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ

Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија.

Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци.

Го потсетуваме градоначалникот во заминување дека во Центар неговите „другари“ од СДС владеат повеќе од една деценија. За сè што се случува во општината, вклучително и повисоките цени на паркирањето за жителите, вината е кај кадрите на СДС.

Итно бараме, Советот уште на следната седница да му наложи на ПОЦ да го запре легалниот рекет кој го спроведува врз центарци, да го врати стариот ценовник и веднаш да престане да ја навредува интелигенцијата на центарци со оправданија дека „не било до нив“. До вас е!

Почитувани,

Ако Герасимовски е навистина лажно убеден дека вината лежи на друго место, тогаш нека одговори, дали веќе не оди на состаноци во Општинскиот одбор на СДС Центар, бидејќи ја има изгубено поддршката и во сопствените редови, и нема како да им каже на членовите на Управниот одбор на ПОЦ, кои се членови патем на СДС, да донесат одлука за враќање на стариот ценовник.

Начини да запре овој рекет врз центарци има, прашање е дали се има волја да се излезе во пресрет и да се одговори позитивно на реакциите на граѓаните.

Центар и центарци заслужуваат многу подобар третман.

YouTube video

Филип Ѓорѓиев, секретар на ОК Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување со возило

Oсум возеле без возачка дозвола, двајца под дејство на алкохол, а еден со активна забрана.

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување со возило

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна забрана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое дете

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Сплит, Хрватска.

Ристовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое дете

Во своето обраќање, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за прв пат се приклучи и Македонија.

-Горд сум што од оваа година и Македонија е дел од големото семејство на „Плазма Спортските игри за млади“. Уште повеќе сум горд на нашите млади спортисти кои на своето прво меѓународно финале покажаа талент, спортски дух и желба за натпреварување. Медалите се важни и им честитам за секој постигнат успех. Но, вистинската вредност на овие Игри е многу поголема од резултатот. Тие им овозможуваат на децата да спортуваат, да се дружат и преку играта и натпреварувањето да учат што значат тимски дух, толеранција, почит и фер-плеј. Верувам во идејата што ја носат овие Игри - спортот не смее да биде привилегија, туку право и можност за секое дете! Спортот треба да започне со игра, да продолжи со натпревар и секогаш да завршува со почит и фер-плеј – порача министерот Борко Ристовски.

Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. На првото меѓународно финале, младите македонски спортисти освоија седум медали – три сребрени и четири бронзени.

Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, со освоено трето место во трката на 60 метри, додека екипата на „Ролинг“ од Струмица го освои третото место во баскет 3х3. Во шах, сребрени медали освоија Илијана Велева од Свети Николе и Давид Атанасовски од скопската општина Гази Баба.

Успешен настап македонските претставници имаа и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово освои сребро, додека бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево. Томи Јакимовски, пак, доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир.

На меѓународната завршница во Сплит учествуваат 1.224 учесници од шест земји. Новитет е учеството на 204 деца од Украина, а поддршка на големиот спортски настан со своето присуство даде и прославениот боксер Олександр Усик, заедно со бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и другите спортови.

Плазма Спортските игри за млади и во својата 30. сезона ја потврдија својата основна мисија – бесплатен спорт за секое дете и создавање можности најмладите преку спортот да развиваат здрави животни навики и да ги усвојуваат вистинските вредности: тимски дух, толеранција, фер-плеј и инклузија

Во изминатите три децении, на Игрите учествувале повеќе од 3.869.000 деца и млади.

Со учеството во Плазма Спортските игри за млади, Македонија отвора уште една можност за најмладите да бидат дел од големо меѓународно спортско семејство, да се натпреваруваат, да стекнуваат нови пријателства и преку спортот да ги градат вредностите што остануваат многу подолго од секој освоен медал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер