Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола - Канал 5

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

 Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, ја презедоа водечката позиција на крајот од првата слободна тренинг сесија пред Големата награда на Емилија-Ромања, со која започнува европскиот дел од сезоната во Формула 1 во 2025 година.

Возачите на Мекларен поведоа на почетокот од викендот во Имола

Во Имола, лидерот во светскиот шампионат, Пјастри, запиша време од 1:16.545, победувајќи го својот тимски колега Норис за 0,032 секунди. Сепак, Британецот го постави својот најбрз круг во својот втор летечки круг на меките гуми, кои се од смесата Ц6, која го има своето деби во Формула 1 овој викенд.

Трет на крајот од првиот час подготовки во Имола беше Карлос Саинц, 0,052 зад Пјастри, додека Џорџ Расел и Луис Хамилтон беа четврти и петти. Двајцата беа за 0,054 и 0,096 побавни од Пјастри, соодветно.

Викендот на Големата награда на Емилија-Ромања, седмата рунда од сезоната 2025 во Формула 1, продолжува во 17:00 часот по наше време со втората слободна тренинг сесија во Имола.

Крива Паланка претстојната сезона ќе настапи во меѓународната АБА 2 Лига

Кошаркарките на Крива Паланка, следната сезона ќе играат во регионалната АБА 2 лига.

Крива Паланка претстојната сезона ќе настапи во меѓународната АБА 2 Лига

Во осмата сезона од настапите во домашното женско кошаркарско првенство на клубот од Крива Паланка, раководството на паланчанки ја прифати поканата да биде дел од ова натпреварување на Балканот каде што минатата сезона се натпреваруваа тимови од Словенија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора и Србија.

- Предизвикот да се излезе на меѓународната сцена е голем, но од друга страна токму сега е моментот да се истапи чекор напред, со оглед на тоа што голем број од младите првотимки од сопствената школа на КК Крива Паланка се во развојна фаза како играчи, а дел од нив, поискусните, се во одличен моментум да заиграат на меѓународната сцена и да го прикажат искуството, но и со желба за докажување, да соберат ново искуство, изјави претседателот на Крива Паланка, Ведран Белешковски.

Тој посочи дека заедно со првиот тренер, предводникот на сениорките, Виктор Петровски, веќе работат на комплетирање на екипата што ќе ги брани клупските бои во сезоната што претстои, по урнек на оваа сезона кога беа лидери во речиси најголемиот дел од првенството во домашната Прва лига.

Во сезоната 2025/26 амбициите на КК Крива Паланка се и освојување на трофеите во домашните натпреварувања (куп и првенство).

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта.

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки.

За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемиле бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а зголемен е и бројот на компании кои покрај теоретската настава во училиштето, на средношколците запишани во дуалните паралелки ќе им овозможат и практична настава во 550 компании.

Како што денеска соопштија од владината прес-служба, ова значи дека учениците додека се школуваат, ќе стекнат и практична вештина, ќе се квалификуваат за пазарот на труд и ќе добијат можност за вработување веднаш по завршување на образованието.

- Обезбедени се 50 милиони денари, односно месечна стипендија од 3.500 денари за 9 месеци во годината, ќе добијат учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки и ќе ги исполнат условите од конкурсот кој ќе биде објавен за доделување на стипендиите. Нашата заложба како Влада е да го реформираме и подобриме образовниот систем и да создадеме млади кои наместо да се иселуваат, ќе можат да ја градат својата иднина во Македонија. Се обврзавме на промени, тоа и го исполнуваме. Создаваме иднина и ја развиваме Македонија, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата на РСМ.

Австралија за прв пат воведува санкции врз руската „флота во сенка“

Австралија за прв пат воведе санкции врз 60 бродови од руската флота во сенка, соопшти австралиската влада.

Австралија за прв пат воведува санкции врз руската „флота во сенка“

Австралија веќе воведе неколку други пакети санкции врз Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина.

Санкции против руската флота во сенка веќе воведоа ЕУ, Велика Британија и Канада.

притисни ентер