Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
1Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
3Димитриевски од Радовиш: ЗНАМ континуирано расте, ја зајакнува својата структура и гради политика на конкретни резултати и одговорност кон Македонија!
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаМакедонија под снежна покривка, најмногу напаѓа во Крушево и МавровоГолем дел од Македонија утрово осамна под снежна покривка. Македонија се разбуди во бело. Снегот, кој уште од вчера започна да ги покрива планинските и повисоките места, утрово донесе вистинска зимска слика низ земјава. Највисока снежна покривка според податоците на УМХР е измерена во Марово и Крушево. Но зимската идила донесе и проблеми во сообраќајот, излизгани возила, сообраќајни незгоди и забрани за тешки товарни возила на повеќе патни правци. На патот Куманово-Свети Николе утрово излетал камион што првично целосно го затвори патот за сообраќај, а по неколку часа лесните возила почнаа да се пропуштаат по една страна на коловозот. Снегот и лизгавиот коловоз синоќа го отежнаа сообраќајот на планинскиот превој Стража, каде во одредени моменти имаше колона возила. На патниот правец кон Гостивар, се преврте возило зад заштитната ограда, а на местото интервенирала и противпожарна екипа.Од ЦУК информираат дека забрана за движење на тешки товарни возила во моментов има на неколку локации.. „Со појавата на снежните врнежи, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, што врнежите се со поголем интензитет во повисоките предели. Според информациите од Авто-мото сојузот, во моментов се воведени забрани за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци, меѓу кои: Маврово - Дебар, Стража, Крива Паланка - Деве Баир и Ресен - Охрид преку Буково. Дополнително, на повеќе патни правци има намалена видливост поради магла, која на одредени места е до 100 метри.“ Во текот на ноќта забрани за тешки товарни возила имаше и на превојот Буково, на патот Ресен-Охрид, како и кај Делчево кон граничниот премин Делчево. Утрово забраните на овие делници беа укинати.. Како што информираат од Македонија пат сите расположливи капацитети и сета механизација е ставена во фунција, сообраќајот се одвива непречено, а патиштата низ земјава се проодни и чисти. Снегот го обои во бело и главниот град. Од градските власти велат дека службите уште од вчеравечер на терен, овозможувајки непречено одвивање на сообраќајот низ Скопје Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски соопшти дека снегот не ги изненадил службите, кои дежурале цела нок. Посебно внимание вели се посветува на повисоките места, особено на Водно. Прогнозата на УХМР покажува дека врнежите ќе престанат до вечерните часови, а слабо провејување на снег ќе продолжи само во источните делови на земјата. Од утре се очекува стабилно, но многу студено време, со минусни низ целата земја. Во среда пак температурите во дел од земјата ќе се спуштат и до минус петнаесет степени. „Во текот на следната седмица, од утре, ќе имаме навистина многу студено време.Утринските температури од вторник па сè до петок се очекува да се спуштат и до минус 15-тиот степен во Осоговско-малешевскиот регион, Пелагонија. Во Скопската котлина е прогнозирана утринска температура од минус 10 степени. Најстудено утро очекуваме во среда.“ Од ЦУК, АМСМ и Македонија пат апелираат на внимателно возење, приспособена брзина и задолжително поседување на зимска опрема. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаОд 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досегаОд вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми. Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот. Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот. Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедииФилипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област. Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие. На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип. Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови. Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите. Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница. На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски од Радовиш: ЗНАМ континуирано расте, ја зајакнува својата структура и гради политика на конкретни резултати и одговорност кон Македонија!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетните средби со граѓаните низ државата, на кои ги презентира резултатите од двегодишното работење на своите избрани и именувани функционери.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетните средби со граѓаните низ државата, на кои ги презентира резултатите од двегодишното работење на своите избрани и именувани функционери, но и политичката визија и обврските за периодот што следува. Во рамки на панел-дискусијата во Радовиш, под мотото „Две години работа. Две години резултати.Една љубов – Македонија“, се обратија претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и потпретседателот на Движење ЗНАМ, Борче Серафимовски, директорот на Казнено-поправниот дом – Прилеп, Емил Јанески, и пратеничката во Собранието на Република Македонија и членка на Координативното тело на Клубот на жени на ЗНАМ, Даниела Белимова. Претседателот на ЗНАМ, Димитриевски, истакна дека двегодишниот отчет не е само сумирање на сработеното, туку потврда дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните и дека продолжува да се развива како сериозна, организирана и државотворна политичка сила. Посебно го нагласи организациското јакнење на ЗНАМ, формирањето на Клубот на млади и неодамнешното основање на Клубот на жени, како важни чекори во градењето широка политичка структура со активна улога на жените и младите во креирањето на политиките и носењето одлуки. „ЗНАМ не е проект за едни избори, ниту политичка структура што постои заради функции и привилегии. ЗНАМ е движење со јасна идеја, принципи и одговорност кон Македонија. Денес не само што ги исполнуваме обврските што ги презедовме пред граѓаните, туку и ја градиме нашата организација за иднината. Формирањето на Клубот на жени е важен чекор во тој процес. Сакам жените во ЗНАМ да бидат присутни таму каде што се носат одлуките, да имаат простор, глас и реално влијание. Градиме структура во која секој човек што верува во нашите вредности има можност да придонесе. Нашата сила не е во бројот на функции, туку во луѓето, идеите и работата зад кои стоиме“ истакна Димитриевски. Говорејќи за конкретните резултати од работењето, Димитриевски ги посочи капиталните инвестиции во општините, зголемувањето на платите во повеќе сектори и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Во рамки на инвестицискиот циклус се реализираат околу 1.300 капитални проекти низ општините, со инвестиции во локалната инфраструктура, водоснабдувањето, образованието и подобрувањето на условите за живот. „За нас политиката не е натпревар во ветувања, туку обврска да создадеме резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот. Зад бројката од 1.300 капитални проекти стојат општини што добиваат нова инфраструктура и подобри услови за развој. Зад зголемувањето на платите стои почитта кон трудот, а зад растот на пензиите стои одговорноста кон генерациите што со децении ја граделе оваа држава. Не тврдиме дека се е завршено. Но, можеме да кажеме дека работиме, дека преземаме одговорност и дека не отстапуваме од обврската да испорачаме подобра и посилна Македонија. Тоа е разликата меѓу политиката на зборови и политиката на резултати“ порача Димитриевски. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отчетните средби низ државата, затоа што отчетноста не е еднократен настан, туку принцип на политичко дејствување и одговорност пред граѓаните. ЗНАМ продолжува да ја гради својата организација, да ги зајакнува своите структури и да се бори за политики што носат конкретни придобивки, економски развој, достоинствен живот и функционална држава. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter