Воведно обраќање на премиерот Мицкоски на седницата на Комитетот за јавни инвестиции - Канал 5

Воведно обраќање на премиерот Мицкоски на седницата на Комитетот за јавни инвестиции

Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување.

Воведно обраќање на премиерот Мицкоски на седницата на Комитетот за јавни инвестиции

Воведно обраќање на премиерот Мицкоски на седницата на Комитетот за јавни инвестиции. Во продолжение целото обраќање на премиерот Христијан Мицкоски.

„Почитувани министри, почитувани членови на Комитетот, почитувани присутни,

Денес правиме чекор кој долго време недостасуваше во системот на управување со јавните инвестиции. Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување, кој не се води од импровизации, туку од јасни критериуми, визија и стратегија.

Ова не е само административна одлука. Ова е суштинска промена во начинот на кој ќе ја градиме иднината. Зашто јавните инвестиции не се бројки на хартија, тие се патишта по кои се движи економијата, училишта во кои учат нашите деца, болници во кои се лекуваат нашите граѓани, енергетски капацитети кои ја гарантираат стабилноста на државата.

Целта што ја поставуваме е јасна: секој денар од буџетот да биде насочен таму каде што создава најголема вредност. Таму каде што носи раст, отвора работни места и го подобрува квалитетот на животот. Времето на стихијно планирање заврши. Доаѓа време на систем, одговорност и резултати.

Листата на проектни идеи која денес ја разгледуваме е резултат на координиран пристап на повеќе институции и претставува силна основа за развој во клучните сектори.

Во транспортот, зборуваме за модерни железници, нови електрични локомотиви, реконструкција на делници и поврзување преку коридорите 8 и 10. Тоа значи побрз проток на стоки, подобра поврзаност и посилна економија.

Во образованието, продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата на знаењето, со завршување на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Универзитетот „Мајка Тереза“. Затоа што иднината не се гради без силен образовен систем.

Во здравството, инвестициите во регионалните клинички болници во Тетово, Штип, Кичево значат подобра здравствена заштита, современи услови и достоинствен третман за секој граѓанин.

Во дигиталната трансформација, поставуваме темели на модерна држава преку воспоставување на владин податочен центар, сигурна мрежа и зајакната сајбер безбедност. Тоа е основа за ефикасна, транспарентна и дигитална администрација.

Во земјоделството и водостопанството, инвестициите во системите како Злетовица, Стрежево и ревитализацијата на водните ресурси се инвестиции во стабилноста на производството и сигурноста на храната.

Во енергетиката, преку проектите на АД ЕСМ, ја зајакнуваме енергетската независност со нови капацитети, обновливи извори на енергија, батериски системи и модернизација на постојната инфраструктура. Ова е борба за сигурна и достапна енергија за граѓаните и стопанството.

Важно е да се потенцира дека за секоја од овие проектни идеи, Министерството за финансии даде позитивно мислење за продолжување во следната фаза. Тоа значи дека се работи за сериозни, издржани и остварливи иницијативи.

Но, токму тука започнува вашата најголема одговорност. Комитетот не е формалност. Комитетот е филтерот на квалитетот. Вашата задача е да ја утврдите листата на оценети и одобрени проектни идеи, која ќе биде основа за првата Конечна приоритетна листа на јавни инвестиции.

Благодарност до министерката за финансии за нејзниот ангажман и посветеност и благодарност до секој еден од вас за вашата посвтеност и вашиот ангажман во делот на изготвување на овие проектни идеи.

Од вашата работа ќе зависи дали ќе имаме јасни приоритети, дали ќе имаме рамномерен развој и дали ќе ја насочиме државата кон вистинските проекти.

Ние како Влада во изминатиот период ги поставивме темелите. Сега е време тие темели да се надградат со систем кој ќе гарантира резултати.

Затоа што дојде времето на Македонија да гради паметно, да инвестира стратешки и да испорачува конкретни резултати, истакна премиерот Христијан Мицкоски во воведното обраќање на на седницата на Комитетот за јавни инвестиции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како клима-уредот да ви троши најмалку, а да го загрева цел стан?

Подобро веднаш да ја наместите температурата што ви е пријатна, наместо да клима-уредот да го поставите на максимум, а подоцна да намалувате.

Како клима-уредот да ви троши најмалку, а да го загрева цел стан?

Кога температурите наесен почнуваат да опаѓаат, но сè уште нема потреба од целодневно греење, инвертер-клима уредот може да биде практичен начин за затоплување на просторот. Поставувањето на температура од околу 21 °С во режимот за греење („HEAT“) може да биде добро за многу домаќинства.

Сепак, не постои единствена поставка за температура што гарантира најниска потрошувачка на енергија за секое домаќинство. Ефикасноста зависи од големината на просторијата, надворешната температура, како и моќноста и степенот на енергетска ефикасност на уредот.

Грешка е веднаш да го поставите клима уредот на 30 степени.

Многу луѓе веруваат дека просторијата ќе се загрее побрзо ако клима- уредот веднаш се постави на 28 или 30 степени. Меѓутоа, кај инвертер-уредите, повисоката целна температура не мора да значи и побрзо загревање.

Клима-уредот се обидува да ја постигне зададената температура, па изборот на превисока вредност може да предизвика уредот да работи со висок интензитет подолг временски период.

Затоа, подобро е веднаш да ја поставите температурата на пријатно ниво, наместо да ја поставувате на максимум и подоцна да ја намалувате.

Како можете да ја намалите потрошувачката на енергија во преодниот период?

Колку е поголема разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура, толку повеќе енергија троши уредот за да ги одржува посакуваните услови.

Ова ги прави инвертер уредите особено практични во текот на есента, кога надворешните температури сè уште не се екстремно ниски. Откако ќе се постигне дадената температура, компресорот на инвертерот може да го намали интензитетот на работа и да се прилагоди на моменталните потреби на просторијата.

Ако го користите клима- уредот поголемиот дел од денот, честото рачно вклучување и исклучување не мора да биде најдобриот начин за заштеда на енергија. Во многу ситуации, попрактично е уредот да одржува релативно стабилна температура.

Важна е и положбата на крилцата за насочување на воздух

При греење, корисно е да се обрне внимание на насоката на струењето на воздухот.

Бидејќи топлиот воздух природно се крева нагоре, насочувањето на крилцата малку надолу може да помогне топлината порамномерно да се распореди низ просторијата, наместо поголемиот дел од топлиот воздух да се собира близу до таванот.

За секојдневно греење можете да ја користите и автоматската поставка на брзината на вентилаторот, доколку вашиот модел на клима-уред ја поддржува таа опција.

Валканите филтри можат да ја отежнат работата

Потрошувачката на енергија не зависи само од поставките на далечинскиот управувач; валканите филтри можат да го намалат протокот на воздух и да ја попречат ефикасноста на уредот.

Затоа, треба редовно да се чистат во согласност со упатствата на производителот. Освен тоа, лошата изолација, значителната загуба на топлина низ прозорците и вратите, или клима-уред со недоволен капацитет за просторот што се загрева, можат да ја зголемат потрошувачката на енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер