Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
СветВоспитувачка му дала средство за тоалет на девојче, починало во агонија- Франција на нозеДевојчето Лиза, кое имало само 11 месеци, починало во агонија откако проголтала Дестоп, корозивно средство за одзатнување на одводи, кое ѝ го дала наставничката во градинката People&Baby во Лион.Девојчето починало на 22 јуни 2022 година, а наставничката вчера беше осудена на 25 години затвор. Поранешната воспитувачка во градинката Мирјам Ј. (30) е прогласена за виновна за „мачење и варварство“ врз бебето. Лиза починала откако го проголтала хемискиот производ што и го дала Миријам, а оваа супстанца предизвикала тешки изгореници на внатрешните органи и дишните патишта на детето. „Осум минути кои променија сè“ Обвинителот при излагањето на обвиненијата посочи дека судот требало да расправа осум минути. „Осум минути во кои Миријам Ј. била сама со Лиза. Осум минути кои доведоа до трагичен крај“, изјави обвинителот. При полицискиот распит, обвинетата признала дека сакала да го отруе бебето затоа што плачењето ја нервирало. Таа се изјаснила за виновна на првиот ден од судењето, 1 април, но негирала дека тоа го направила намерно. Бебе принудено да голта отров Судскиот вештак во текот на судењето објаснил дека детето починало од „хемиска некроза поради внесување на каустична течност, како што е киселината“. Тој истакна дека бебето било принудено да голтне отров. Одбраната на обвинетата тврдеше дека таа „ги нема исти когнитивни способности како другите“ и дека не требало да и се дозволи да работи со деца. Нејзините адвокати изјавиле дека „никогаш не требало да биде вработена во дневен престој бидејќи немала капацитет да чува деца“. Нема докази за ментални нарушувања Судските вештаци, пак, не констатирале постоење на некое сериозно психичко нарушување кај обвинетиот, туку само блага интелектуална и емоционална ретардација. Адвокатот на организацијата L'Enfant Bleu, која се занимава со заштита на децата, истакна дека „нема психијатриско објаснување за овој чин“, но дека обвинетиот се уште не ја кажува вистината. „Кога некого го држите за глава додека го терате да голта сулфурна киселина, не знам како тоа можете да го наречете ненамерен чин“, рече Кетрин Бургад, адвокатка на семејството на починатото бебе. Таа го изрази и своето незадоволство што и по три дена судење не добиле јасни објаснувања од обвинетите, пишува БФМТВ. Мирјам на судењето се обидела да докаже дека ѝ е жал за тоа што го направила. "Тука сум затоа што убив некого. Убив бебе и тоа е страшно. Чувствувам каење во срцето и секој ден мислам на тоа. Не сакав да ја убијам, тоа не беше во мој интерес", изјавила Мирјам. Обвинителството првично бараше казна затвор од 30 години, но на крајот судот прифати поблага квалификација на делото – „насилство со смртен исход без намера за убиство“. Покрај затворската казна, на обвинетата ѝ се забранува доживотно да врши работа со луѓе, со задолжителен општествено-правен надзор по излегувањето од затвор.Тагови: воспитувачка градинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСаем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај ШколкаВо Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНад 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само растИндустриското производство бележи позитивни движења.Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter