СветЧетиригодишно девојче го донело во градинка кокаинот на татко ѝ- имала 16 пакетчиња во ранецотЧетиригодишно девојче донело 16 пакетчиња кокаин во градинка во градот Итамонте, во бразилската држава Минас Жераис.Таткото на детето, 27-годишен маж со историја на трговија со дрога, побегнал од градинката откако се соочил со раководството на институцијата, јавува Си-Ен-Ен Бразил. Таткото побегна од градинката Наставничката на неговото дете ја пронашла дрогата откако едно од децата се пожалило на „лошиот вкус на пакетчињата“. Откако го пребарала ранецот, пронашла вкупно 16 пакети со кокаин, од кои седум биле запечатени, а девет биле веќе искористени. На покана од управата на градинката, таткото дошол во градинката, но побегнал откако зел еден од пакетчињата од педагошкиот координатор. Децата завршиле во болница Сите деца од одделението се испратени во болница на токсиколошки тестови, а примероците се испратени на анализа. Осомничениот, жител на населбата Ново Хоризонте во Итамонте, има четири полициски пријави за трговија со дрога и други кривични дела поврзани со поседување на супстанцијата. Цивилната полиција на Минас Жераис го истражува случајот.Тагови: кокаин градинка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter