Воспитувачка дави дете во градинка, бабата збесната: Никој не ѝ се јавил на ќерка ми, директорката ја нема - Канал 5

Воспитувачка дави дете во градинка, бабата збесната: Никој не ѝ се јавил на ќерка ми, директорката ја нема

Безбедносните камери во градинка во Русија вчера снимиле како воспитувачка дави двегодишно дете пред целата група во градинката.

Воспитувачка дави дете во градинка, бабата збесната: Никој не ѝ се јавил на ќерка ми, директорката ја нема

Воспитувачката може да се види како бесно му се приближува на малото дете кое седи на масата, потоа му става крпа на устата, го тресе и потоа го зема, објави Вести.

Бабата на малото дете вели дека по нападот, момчето тешко дишело, кашлало и звучело рапаво. Таа истакнува дека нејзината ќерка, мајката на момчето, дури и не била повикана од градинката!

„Тоа е приватна градинка, се случило на 2 јули. Таа го задавила детето со палто. Има повреди на меките ткива. Никој дури и не ја повикал мајката“, вели бабата.

Таа исто така тврди дека директорката на градинката одлучила да „замижи пред сè“.

„Таа знае што се случило, но одлучил да не ја суспендира воспитувачката. Кога друга мајка се обидела да го пријави инцидентот во групата за разговор на родители, била исфрлена од групата“, тврди бабата.

Семејството го пријавило целиот инцидент во полиција и истрагата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. 

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски

Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија.

ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната.

Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница.

Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање.

Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор.

Криминалци слободно си поминат преку граница, 5 тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше.

Тошковски остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта.

Многу прашања има за одговарање Тошковски. Но пред се треба да понесе одговорност.

Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за кој мора да има политичка и кривична одговорност.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски.

Оставка Панче!

YouTube video

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик.

Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик

Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик.

Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на опозицијата со која единствената цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик.

СДС, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, затоа што тоа го спремаат за алиби во пресрет на следниот изборен циклус.

Отприлика тоа би изгледало вака, едните ќе се жалат дека не се внесени препораките на ОБСЕ и ОДИХР во новиот Изборен законик, другите ќе се жалат дека немаат повеќе пари за рекламирање, а третите ќе се жалат дека немало да се почитува волјата на граѓаните. Ова е приказната која уште сега ја кажуваме, а ќе се оствари на следните избори токму од коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Нов Изборен законик нема, а за тоа директно е виновна коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатно: Сенегалците имале гинеколог на Светското првенство?!

 Неуспешниот настап на Сенегал на Светското првенство во Северна Америка покрена низа прашања, а едно од најголемите се однесува на медицинскиот тим на репрезентацијата.

Неверојатно: Сенегалците имале гинеколог на Светското првенство?!

Претседателот на Фудбалската федерација на Сенегал, Абдулаје Фал, на прес-конференција изјави дека лекарот на репрезентацијата немал соодветна специјализација за работа со националниот тим за време на Светското првенство.

„Лекарот по професија е гинеколог. Тоа го дознавме доцна, а меѓу играчите постоеше загриженост во врска со нивото на медицинска поддршка што ја имаа“, рече Фал.

Според него, репрезентативците немале доволно доверба во докторот, па затоа Здружението било принудено да ангажира дополнителни експерти за да го увери тимот.

„Врз основа на информациите што ги добив, играчите не биле доволно убедени дека имаат соодветна медицинска поддршка. Моравме да обезбедиме дополнителни експерти за да се чувствуваат побезбедно, бидејќи здравјето е пред сè“, рече претседателот на Здружението.

Сепак, Здружението за спортска медицина на Сенегал ги отфрли овие тврдења, нарекувајќи ги неосновани и клеветнички.

Во соопштението за медиумите се наведува дека докторот на тимот Абдераман Федиоре има специјалистичка диплома по спортска медицина и спортска биологија, стекната на Медицинскиот факултет на Универзитетот Шеик Анта Диоп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер