Вооружени криминални банди убија најмалку 50 луѓе во Нигерија - Канал 5

Вооружени криминални банди убија најмалку 50 луѓе во Нигерија

Во вооружените напади за време на викендот во трите нигериски сојузни држави Кацина, Кеби и Бенуе загинаа најмалку 50 луѓе, соопштија нигериските власти.

Вооружени криминални банди убија најмалку 50 луѓе во Нигерија

Сè уште ниту една група не презеде одговорност за нападите, но се претпоставува дека истите се извршени од вооружени криминални банди, кои од 2020 година вршат насилство, грабежи и киднапирања во северниот дел на Нигерија.

Во сојузната држава Кацина вчера се пронајдени 20 безживотни тела во заедницата Гобирава. Според очевидци, вооружени напаѓачи на мотоцикли на 17 мај отвориле оган врз цивилите, при што убиле 20 лица. Сè уште не е познат бројот на повредени лица. Напаѓачите уништиле и 15 продавници и 20 куќи.

Додека вчера во селото Ваје, во сојузната држава Кеби убиени се 15 земјоделци додека работеле на нива. При нападот повредени се три лица.

Исто така вчера се убиени 15 луѓе во близина на местата на Огвумогбо и Окпо’окполо, во државата Бенуе. Поголемиот број од жртвите се трговци, кои се враќале од пазарот во Овета.

Во Нигерија чести се нападите врз припадниците на ранливите заедници. Нигериската Влада се соочува со растечки притисок да се справи со проблемот на несигурност, што предизвика илјадници смртни случаи и раселување.

Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка, нивната најдобра одбрана е членството во ЕУ

Најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро тие се бранат со полноправно членство во ЕУ.

Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка, нивната најдобра одбрана е членството во ЕУ

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата.

По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, тој потсети дека Европарламентот е независна институција, која носи политички одлуки согласно свои внатрешни процедури.

- Најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро тие се бранат со полноправно членство во ЕУ.

Општина Ѓорче Петров: Координиран одговор по пожарите, Кризниот штаб донесе конкретни мерки

По серијата пожари што вчера зафатија неколку локации на територијата на Општина Ѓорче Петров, утрово се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб на кој беа разгледани настаните, утврдени предизвиците на терен и беа донесени конкретни заклучоци.

Општина Ѓорче Петров: Координиран одговор по пожарите, Кризниот штаб донесе конкретни мерки

По серијата пожари што вчера зафатија неколку локации на територијата на Општина Ѓорче Петров, утрово се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб на кој беа разгледани настаните, утврдени предизвиците на терен и беа донесени конкретни заклучоци за унапредување на координацијата и реакцијата при идни интервенции, информираат од Општината.

Во услови на силен ветер и отежнати временски услови, благодарение на навремената интервенција и целосната ангажираност на сите служби, нагласуваат од Општина Ѓорче Петров, пожарите беа локализирани без човечки жртви и со минимални материјални штети.

-Во текот на целиот ден бев на терен и лично сведочев на пожртвуваноста и организираноста на сите служби, како и на храброста и солидарноста на нашите сограѓани. Ѓорче покажа дека знае да се справи кога е најтешко. Сите заедно, како едно, вели градоначалникот Александар Стојкоски.

На состанокот на Кризниот штаб биле донесени мерки за поефикасна координација помеѓу институциите, побрза мобилизација на ресурси на терен, јасна комуникација и редовна проверка на потенцијално ризични подрачја.

Градоначалникот Стојкоски упатил искрена благодарност до Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, како и до поединци и жители на општината кои доброволно се вклучија со сопствена механизација и помош во гаснењето на огнот.

Општина Ѓорче Петров, велат оттаму, останува целосно мобилизирана и будно ја следи состојбата на терен, со јасна определба за брза, навремена и сеопфатна заштита на граѓаните и јавните добра.

МВР: Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки

Во акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени се седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта.

МВР: Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки

-Ноќеска во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во село Желино, сопственост на J.Ф.(47) од село Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој. При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Република Албанија, на возраст од 24 до 50 години, информираат денеска од МВР.

Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во село Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б.(50) од село Добридол, затекнати се две државјанки на Р.Албанија, на возраст од 33 и 36 години. Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.

притисни ентер