Вообичаена „финта“ со автоматскиот менувач може скапо да го чини возачот - Канал 5

Вообичаена „финта“ со автоматскиот менувач може скапо да го чини возачот

За повеќето возачи, паркирањето автомобил со автоматски менувач изгледа исклучително едноставно - го запираат возилото, рачката ја поместуваат во положба „P / П“ за паркинг, го исклучуваат моторот и, тоа е тоа. 

Вообичаена „финта“ со автоматскиот менувач може скапо да го чини возачот

Сепак, проблемот се јавува кога автомобилот е паркиран навален, дури и тоа да е многу малку. Во овој случај, целата тежина на возилото лежи на мала игла во менувачот, што врши дополнителен товар не само врз него, туку и врз целиот механизам, објави хрватски „Јутарњи“ (Jutarnji).

На долг рок, таквото оптоварување може да предизвика абење, оштетување или заглавување на иглата, што може да доведе до состојба каде што рачката на менувачот веќе нема да може да се помести од положбата „П“.

Таквиот дефект речиси секогаш бара сложена и скапа поправка на менувачот. Затоа рачната сопирачка е основен систем за обезбедување на возилото при паркирање, додека положбата „П“ е само секундарна безбедносна мерка. Рачната сопирачка работи независно од менувачот, најчесто преку челични кабли што ги блокираат задните тркала, со што го преземаат целиот товар. За да се избегне оштетување на менувачот и заради максимална безбедност, клучно е да се усвои правилниот редослед на потези при паркирање, пишува „Вечерњи лист“ (Večernji list).

Значи, според советите, откако ќе застанете додека ја држите ножната сопирачка притисната, прво префрлете ја рачката на менувачот во неутрална положба, „N / Н“. Следно, цврсто повлечете ја или активирајте ја рачната сопирачка.

Потоа, полека, отпуштете ја ножната сопирачка, дозволувајќи тежината на возилото целосно да ја преземе системот на рачната сопирачка. Автомобилот притоа може малку да се „заниша“, што е нормално. На крајот, повторно притиснете ја ножната сопирачка и префрлете го менувачот во положба „П“. На овој начин, паркинг-клинот влегува во своето седиште без никаков товар и служи само како дополнителен безбедносен уред.

Покрај заштитата на менувачот, редовната употреба на рачната сопирачка го одржува и самиот систем во добра состојба. Ако не се употребува - таа се расипува. Затоа се препорачува да се користи при секое паркирање, што го активира механизмот и редовно го одржува функционален.

Возењето со делумно затегната рачна сопирачка предизвикува прегревање на сопирачките, го забрзува абењето на плочките и дисковите и може да доведе до оштетувања.

Има случаи кога рачната сопирачка не е само препорачлива, туку и задолжителна. Така, првиот и најочигледен случај е при менување гума. Активираната рачна сопирачка значи дека возилото нема да се откачи од дигалката, што е од суштинско значење за безбедноста. Таа, исто така, служи како систем за итно сопирање.

Во реткиот, но можен случај на целосно откажување на главниот хидрауличен систем за сопирање, постепеното и бавно активирање на рачната сопирачка може безбедно да го запре возилото. Тука треба да се избегнува нагло сопирање бидејќи тоа може да ги блокира задните тркала и да предизвика неконтролирано лизгање со возилото.

Сепак, постојат ретки околности кога е потребна претпазливост. При многу ниски температури, снег и мраз, кај постари возила со оштетени кабли, влагата во системот може да замрзне и да го блокира механизмот. Тоа води до губење на контролата врз возилото.

Денес на пазарот постојат различни видови на паркинг-сопирачки. Класичната механичка рачка што се наоѓа меѓу седиштата е сè уште најчеста. Некои автомобили, главно постари модели со автоматски менувачи, имаат паркинг-сопирачка во вид на трета педала што се активира со нога и се ослободува со повлекување на рачката. Кај современите возила, електронската паркинг-сопирачка којашто се активира со притискање на копче, е сè почеста. Овој систем користи мали електрични мотори за сопирачките и често доаѓа со дополнителни функции како што е „Автоматско задржување“, што автоматски го задржува возилото без потреба да се држи педалата за сопирачка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер