Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ФудбалЛеао во Галатасарај? Клубовите постигнаа договор за висината на трансферот .Италијанскиот фудбалски великан Милан и турскиот гигант Галатасарај постигнаа усмен договор за условите за трансфер на португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао во турскиот клуб. Се очекува договорот да изнесува 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси со кои би се зголемила вкупната вредност. Преговорите продолжуваат денес. Конечната одлука зависи и од самиот играч. Интерес за него покажува и Астон Вила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар Општина Центар започнува есенска теренска офанзива во која градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските служби и одговорните лица од урбаните заедници, ќе ги посети сите маала и улици на територијата на општината. Целта е директно на терен да се евидентираат проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – оштетени улици и тротоари, дупки, паднати или оштетени столпчиња, проблеми со урбаната опрема и сите други недостатоци за кои Општината може веднаш да преземе мерки. Есенската офанзива започнува од Капиштец, а во следниот период ќе продолжи во сите останати маала и урбани заедници во Центар. „Почнуваме од Капиштец, но ќе ги поминеме сите маала, улици и урбани заедници. Заедно со службите, одговорните во урбаните заедници, но и со граѓаните, сакаме на лице место да ги видиме проблемите и што побрзо да реагираме. Се работи секојдневно, но секогаш има работи што треба да се поправат и подобрат. Затоа излегуваме на терен – да ги слушнеме граѓаните, да ги детектираме проблемите и да ги решаваме еден по еден“, изјави Герасимовски. Од Општина Центар посочуваат дека теренските обиколки ќе продолжат во наредниот период, со цел забелешките од граѓаните побрзо да стигнат до надлежните служби и да се интервенира таму каде што е потребно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаСДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и се уште нема документ за водата во Гостивар.Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај? Ако нема што да се крие зошто не се објавува? Министерот за здравство Сашко Клековски најави дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај. Каде е целосниот извештај? Зошто се објавуваат само парчиња од документацијата, а не целата анализа? Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации. Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба. Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија. Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата. Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата. Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар? Кој донел одлука водата повторно да биде пуштена за пиење и врз основа на кои резултати? Кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна? Дали на овој начин некој сака да побегне од одговорноста? Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина. Целиот извештај, сите анализи и сите потписи. Скопје, 27.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува секојдневно миење на микролокациите на контејнеритеЕкипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите. Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно машинско миење со употреба на автоцистерни. Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија миење на целокупниот простор пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ лоцирана во строгиот центар на градот, како и во непосредната околина и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ лоциран во кањонот Матка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26