Вонредно собрание на МКФ - Канал 5

Вонредно собрание на МКФ

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски на барање на повеќе клубови и по одлуката на Управниот одбор од 8 ноември, за денеска закажа вонредно Собрание на МКФ.

Вонредно собрание на МКФ
Според Дневниот ред на вонредната седница на Собранието која ќе се одржи во Скопје со почеток во 15 часот главната точка ќе биде гласање доверба на претседателот Наумоски.

Во случај да се изгласа негова недоверба, следува пауза на Собранието во која кандидатите за нов претседател на МКФ дреба да ги достават своите програми до надлежната комисија кој ќе ја утврдува основаноста на кандидатурите.

Ако се биде во ред, тогаш би се пристапило кон одржување на Изборна седница на која покрај претседател ќе се избираат и членови на Управен и на Надзорен одбор на МКФ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“

Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време.

Видео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“

Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време, совладувајќи ја патеката долга 1,16 милји (1,86 километри) за импресивни 41,98 секунди.

За управувачот на електричниот прототип се наоѓаше реномираниот француски возач Ромен Дима; со оваа победа, тој му ја обезбеди на Ford третата последователна победа во финалниот дуел на фестивалот, надминувајќи го болидот од четвртата генерација на Формула Е.

Третото место му припадна на легендарниот Shadow-Chevrolet DN4 – кој воедно беше и најбрзиот автомобил со мотор со внатрешно согорување – додека во првите десет се пласираа и Volkswagen Polo WRX, BMW M3 Touring 24H, Subaru Brataroo 9500 Turbo, Porsche 911 Cup (992.2), Nissan 300ZX Turbo, Dodge Viper GTS-R и Toyota-Judd Formula Supra.

Резултатите уште еднаш покажаа колку конкурентни станаа електричните погонски системи во трките на угорнина, иако апсолутниот рекорд на Гудвуд сè уште го држи електричниот „McMurtry Spéirling“, кој ја совлада патеката за неверојатни 39,08 секунди во 2022 година.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерките на Здравко Чолиќ заедно на забава

Уна и Лара Чолиќ, ќерките на легендарниот Здравко Чолиќ, ретко се појавуваат заедно во јавноста, поради што секоја нивна заедничка фотографија предизвикува голем интерес кај јавноста и кај нивните следбеници на социјалните мрежи.

Ќерките на Здравко Чолиќ заедно на забава

Овој пат, сестрите позираа заедно на прославата на роденденот, каде што атмосферата дополнително ја загреа настапот на популарниот пејач Дејан Матиќ.

Фотографијата од настанот набрзо предизвика бројни реакции, при што многумина ги коментираа нивните елегантни модни избори.

За овој настан, помладата Лара Чолиќ избра комбинација што го истакна нејзиниот едноставен и префинет стил.

Постарата сестра, Уна Чолиќ, се одлучи за малку похрабра комбинација – црно сако со модерен детаљ во вид на плетенка – со што уште еднаш го покажа својот впечатлив моден израз.

Иако се ќерки на еден од најпознатите пејачи во регионот, Уна и Лара главно водат приватен живот и ретко се појавуваат во медиумите. Токму затоа, секоја нивна заедничка објава или фотографија предизвикува дополнителна љубопитност кај јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градот

Од денес, улиците, парковите и знаменитостите на Салцбург се украсени со повеќе од 300 позлатени фигурини на Волфганг Амадеус Моцарт, поставени по повод одбележувањето на 270-годишнината од раѓањето на еден од најголемите композитори во историјата.

Моцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градот

Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг.

Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек.

Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер