Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветВонредна состојба во Каталонија поради незапаметените суши, погодени се 6 милиони луѓе На жителите на Каталонија во североисточна Шпанија ќе им биде забрането да мијат автомобили и да ги полнат празните базени според серијата мерки објавени денеска за да се олесни досега најголемата суша во регионот, пренесува АП.Шефот на регионалната влада на Каталонија, Пере Арагонес, прогласи вонредна состојба поради суша, откако акумулациите во медитеранскиот регион паднаа под 16 отсто од капацитетот. „Каталонија страда од најтешката суша во овој век, никогаш не сме се соочиле со толку долга и интензивна суша откако се бележат врнежите“, рече Арагонес на прес-конференција. Мерките ќе погодат околу 6 милиони луѓе во 200 села, градови и населби, вклучувајќи го и регионалниот главен град Барселона, вториот по големина град во Шпанија. Според правилата за вонредни состојби, локалните власти бараат жителите да ја намалат потрошувачката на вода во домаќинствата за 5 отсто од 210 литри на 200 литри по лице дневно. На земјоделците им е наложено да ја намалат потрошувачката на вода во земјоделството до 80 отсто. Жителите на Барселона не можат да ги полнат своите приватни базени и да ги перат своите автомобили. Покрај тоа, илјадници жители кои живеат во мали заедници зависат од бунари кои со месеци се суви. Гуалба, село со околу 1.500 жители, на еден час возење северно од Барселона, нема вода за пиење од декември. Тогаш локалната акумулација паднала толку ниско што водата станала непогодна за пиење и добра само за перење алишта и садови. Повеќето жители мораат да возат до друг град за да купат флаширана вода. Пиринејскиот Полуостров е најсув во последните 1200 години, според студијата од 2022. Ова ги принуди властите во Каталонија да размислат за носење вода во Барселона со брод. Оваа мерка беше усвоена и во 2008 година, кога нивото на резервоарите падна на близу 20 проценти и работеа помалку постројки за бигор. „Мислам дека не сме свесни што доаѓа“, изјави за АП една жителка по име Џоан Торент, мислејќи на климатските промени. „Луѓето не сакаат да слушнат за недостаток на вода. Според мене, луѓето треба да бидат повеќе свесни за проблемот“, рече таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаСДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорностСДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира. Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи. Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит. Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Црна хроникаДвајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени сеНа 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook