Вонредна состојба поради поплавите во Хрватска: Војската помага во Карловац - Канал 5

Вонредна состојба поради поплавите во Хрватска: Војската помага во Карловац

Потпретседателот на хрватската Влада, Томо Медвед во Карловац изјави дека Карловачката жупанија ќе ги има на располагање сите расположливи потенцијали на сите компоненти за одбрана од поплави.

Вонредна состојба поради поплавите во Хрватска: Војската помага во Карловац

Министерот за одбрана Марио Баножиќ ја стави на располагање помошта од армијата.

Медвед ова го изјави на прес-конференција по состанокот на проширениот штаб за цивилна заштита на жупанијата Карловац и градот Карловац, на кој се разговарало за сите потреби за одбрана од поплави. Тој посочи дека жупанијата Карловац ќе ја има целосната поддршка од владата во сè што прави штабот и дека „тие ќе имаат пристап до сите потребни средства, вклучително и стоковни резерви и помошта од армијата“.

„Хрватската армија, како што тоа од вчера го прави во Сисачко-мославинската жупанија, ќе помогне во Карловац и во други места во округот за да помогне навреме да се спречи заканата“, рече Медвед.

Министерот за одбрана Марио Баножиќ изјави дека на штабот на жупанијата Карловац му се ставени на располагање 150 војници, од кои 50 од денеска, кои ќе полнат вреќи со песок.

Градоначалникот Дамир Мандиќ рече дека според искуствата со поплавата во 2015 година, одлучено е прво да се изгради ѕид од вреќи и да се заштити Алејата на бранителите и шеталиштето кај базенот на Фогин сè до хотелот, бидејќи се смета дека Корана ќе биде предизвик во одбраната од поплави. Главниот директор на Хрватски води Зоран Ѓуроковиќ оцени дека сеопфатните подготовки не значат дека на Карловац му се заканува катастрофа и дека не е ни сигурно дека ќе дојде до штета, туку значи сериозност во спречувањето на можните ситуации.

„Очекуваме Купа во Карловац да надмине 800 сантиметри, а 850 сантиметри е висина која многу сериозно загрозува одредени делови од градот, на некои места има систем за одбрана од поплави, но во Селац и Речица сега не може да се направи директна одбрана“, рече Ѓуроковиќ и повтори дека се уште не е сигурно дека ќе се случи такво сценарио.

Градоначалничката Мартина Фурдек Хајдин им се заблагодари на сите за помошта и им порача на граѓаните на Карловац, Огулин, Раковица, Слуњ, Озаљ и Жакања дека можат да сметаат на помошта од сите оперативни сили на Цивилната заштита. Таа ги замоли граѓаните кои се наоѓаат на загрозените места навреме да го префрлаат мебелот и другата стока на повисоките катови или други коти и да ги заштитат вратите и прозорците со вреќи со песок, објави хрватски Индекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. 

Герасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.

„Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Трамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател  Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два брода погодени од дронови во Црното Море кај Бугарија, еден потонал

Два брода беа нападнати од дронови во близина на бугарскиот брег на Црното Море, при што еден од нив потона. Премиерот Румен Радев ја потврди веста и изјави дека ова е втор таков инцидент во изминатата недела.

Два брода погодени од дронови во Црното Море кај Бугарија, еден потонал

Бродот „Челзи 3“, во сопственост на украинска компанија и кој пловел под малтешко знаме, бил погоден од три дрона околу 1:30 часот по полноќ. Нападот се случил на приближно 18 наутички милји, односно 33 километри, од бугарскиот брег.

Екипажот се состоел од седум Украинци и осум Азербејџанци. Сите биле спасени, а пет члена на екипажот добиле медицинска помош, но никој не бил сериозно повреден.

За вториот брод, за кој официјалните лица дознале на вонредна седница на Советот за безбедност, било потврдено дека потонал на околу 17 наутички милји источно од Крапец. Според првичните информации, спасен е еден член на екипажот.

Политички реакции

„Ова е целосно неприфатливо – уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води“, рече Радев во телевизиско обраќање. Тој најави дека има намера да разговара за инцидентот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Премиерот истакна дека нема јасни докази за тоа кој го извршил нападот, но додаде дека исходот ѝ оди во прилог на Руската Федерација. Поради овој настан, тој најави дека ќе ја повика руската амбасадорка Елеонора Митрофанова на разговор. За инцидентите се известени и постојаните претставници на Бугарија во НАТО и во Европската унија.

Бугарија не граничи со Украина или Русија, но како членка на НАТО, таа зазема стратешка позиција на Црното Море, каде што и двете завојувани страни имаат важни пристаништа. Постои зголемена загриженост во врска со можни хибридни напади со дронови извршени од Русија паралелно со војната во Украина.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер