Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаити прогласи 72-часовна вонредна состојба и воведе полициски час, а владата најави дека ќе започне потрага по убијци, киднапери и други насилни криминалци за кои верува дека избегале од затвор .

Хаити прогласи 72-часовна вонредна состојба и воведе полициски час, а владата најави дека ќе започне потрага по убијци, киднапери и други насилни криминалци за кои верува дека избегале од затвор откако бандите ги ослободиле речиси сите машки затвореници, јави утрово Би-Би-Си.

Вооружени банди упаднаа во затвор во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и ослободија голем број затвореници. Повеќето од околу 4.000 мажи затворени во главниот град побегнаа, изјави локален новинар за Би-Би-Си Њуз. Меѓу затворениците имало и членови на бандата обвинета за убиство на претседателот Жовенел Мојзе во 2021 година.

„На полицијата и е наредено да ги искористи сите средства што ѝ се на располагање за да го спроведе полицискиот час и да ги уапси сите прекршители“, рече министерот за финансии Патрик Бовавер, кој ја извршува функцијата премиер.

Насилството во Хаити, најсиромашната земја во Америка, ескалираше во последниве години, а, бандите кои се обидуваат да го соборат привремениот претседател Ариел Анри, контролираат 80 отсто од Порт-о-Пренс.

Последниот бран на насилство започна во четвртокот, кога претседателот отпатува за Најроби за да разговара за доаѓањето на меѓународните безбедносни сили предводени од Кенија.

Водачот на бандата, Џими Шеризије, изјави дека ќе води координиран напад за соборување на Анри, додавајќи дека целта на нападот била да се фати шефот на полицијата и министрите на Хаити и да се спречи враќањето на Анри.

„Сите ние, вооружените групи во провинциските градови и вооружените групи во главниот град, сме обединети“, изјави поранешен полицаец за кој се верува дека стои зад неколку масакри во главниот град, пренесе Би-би-си.

Во бранот вооружени напади загинаа четворица полицајци, а петмина се ранети. Француската амбасада на Хаити советуваше да не се патува во главниот град и неговата околина. Полицискиот синдикат на Хаити побара помош од војската за обезбедување на затворот, но нивниот штаб беше нападнат доцна навечер во саботата. Арнел Реми, адвокат за човекови права чија непрофитна организација работи во затворот, на Икс објави дека помалку од 100 од скоро 4.000 затвореници останале зад решетки.

Од атентатот на претседателот Мојзе во 2021 година, насилството е во пораст на Хаити. Негов наследник се уште не е избран, а избори не се одржани од 2016 година. Според политичкиот договор, требаше да се одржат избори и Анри требаше да се повлече до 7 февруари, но тоа не се случи. Во јануари, ОН објавија дека повеќе од 8.400 луѓе биле жртви на насилство на банди на Хаити минатата година, вклучувајќи убиства, повреди и киднапирања, што е двојно повеќе од бројот регистриран во 2022 година.

7-месечно бебе починало по операција во болница во Охрид, дома паднало од импровизиран кревет

Пад од импровизиран кревет бил кобен за седум месечно бебе од Вевчани.

Бебето, според пријавеното било примено во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид вчера околу 16 часот, со хематом на главата и со констатирано мозочно крварење. И покрај извршената операција, бебето починало. Неврохирургот Мичун Мичуновиќ, од болницата Св. Еразмо , кратко, во телефонски разговор рече дека лекарите дале се од себе да го спасат животот на седум месечното бебе.

Од СВР Охрид велат дека се работи на расветлување на случајот.

По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.

- Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката,- - Јавно обвинителство.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои само ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години

Глобалните цени на бакарот се зголемија на највисоко ниво во последните две години, бидејќи овој метал на берзата Комекс во Њујорк денеска во 13 часот се продаваше по цена од 4,8230 долари за фунта.

Во изминатите два месеци цената на бакарот се зголеми за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.

Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта.

УНРВА: Од Рафа досега избегаа 450.000 Палестинци

 Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека речиси 450.000 луѓе избегале од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа откако израелската армија навлегла во градското подрачје минатата недела.

„Луѓето се соочени со постојана исцрпеност, глад и страв. Итен прекин на огнот е единствената надеж“, објави УНРВА на платформата Икс.

ОН вчера соопшти дека уште 100.000 луѓе се раселени во северниот дел на Газа.

Израел нареди нови евакуации на северот додека се бори со Хамас, чии борци повторно се појавија во областите кои жестоко ги бомбардираше и во кои е водена копнена офанзива уште на почетокот на војната. /МИА

притисни ентер