Вонреден сервис за 322.000 „Форд“ возила во Европа - Канал 5

Вонреден сервис за 322.000 „Форд“ возила во Европа

Од „Форд“ соопштија дека на вонреден сервис ќе ги повикаат сопствениците на моделите „Mondeo“, „S-Max“ и „Galaxy“ кои се произведени од февруари 2014. до февруари 2019. година, заради можен проблем со акумулаторот.

Вонреден сервис за 322.000 „Форд“ возила во Европа

Како што наведува портпаролот на овој произведувач, до повлекување на споменатите автомобили доаѓа поради одреден проблем кој може да доведе до течење на киселината од акумулаторот, а понатака може да предизвика оштетување и расипување на сензорот кој служи за надзор на акумулаторот, заради што може да дојде и до прегревање и пожар на акумулаторот.

Скоро половина од возилата кои го имаат овој проблем се во Германија(101.000) и Велика Британија (56.000), пренесува „Аутоњуз Европа“. Истиот извор потсетува дека споменатите спорни модели („Mondeo“, „S-Max“ и „Galaxy“) се склопуваат во фабриката на „Форд“ во Валенскија, каде се изработуваат и „Kuga“, „Transit Connect“ и „Tourneo Connect“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ова никој не би посакал да му се случи- снимка од автомобил во Унгарија ги запали мрежите (ВИДЕО)

Видео од чудна „несреќа“ во Унгарија привлече внимание на социјалните мрежи. 

Ова никој не би посакал да му се случи- снимка од автомобил во Унгарија ги запали мрежите (ВИДЕО)

Во преден план гледаме автомобил чија внатрешност е покриена со „густа маса“ со непријатен изглед.

Приказната стигна до радио станицата Sláger FM, чии новинари се обидоа да го пронајдат сопственикот на четирициклот и да дознаат повеќе детали.

Тиби во центарот на инцидентот

„Ова видео доби неверојатен број прегледи на социјалните мрежи“, објави Sláger FM.

Не долго потоа, тие открија дека стигнале до човек по име Тиби, кој бил во центарот на чудниот инцидент.

„Го пронајдовме Тиби, на кого сè му се случи“, рече Sláger FM, најавувајќи дека ќе го интервјуираат во емисијата Sláger Reggel.

Според најавата, видеото го направил неговиот пријател Чаба, кој потоа го проследил до радио станицата.

Деталите се непознати

Видеото е објавено со хумористичен коментар дека Тиби веројатно „ќе го памети овој настан долго време, а можеби и неговите правнуци“.

Сепак, засега деталите за несреќата, ниту локацијата каде што се случила, се непознати.

Она што го знаеме е дека густата маса всушност е пулпа од праска, а како таа ја „уништила“ целата кабина веројатно ќе биде откриено во наредните денови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бурни реакции откако милионер од Малта беше ослободен од обвиненијата дека го нарачал убиството на новинарката Галиција

Владата на Малта повика на смиреност по ослободувањето на тајкунот обвинет за нарачување на убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година, со што се разоткрија даночните рајови на светската политичка елита. 

Бурни реакции откако милионер од Малта беше ослободен од обвиненијата дека го нарачал убиството на новинарката Галиција

Вчерашната пресуда го разбесни семејството на жртвата и предизвика критики од организацијата за слобода на медиумите „Репортери без граници“, која беше „згрозена“ од одлуката.

Премиерот Роберт Абела не коментираше директно за случајот, но неговата влада ја повика јавноста да покаже воздржаност. „Во овој чувствителен момент, владата апелира на претпазливост во јавните изјави што би можеле да предизвикаат повеќе штета отколку корист“, се вели во соопштението на владата „забележувајќи“ го исходот од судењето.

Каруана Галиција беше убиена на 53-годишна возраст во напад со автомобил-бомба пред нејзиниот дом во октомври 2017 година. Таа ги истражуваше таканаречените „Панамски документи“, протекување на документи од панамска адвокатска фирма што откри начини на кои светската елита крие пари во даночните рајови.

Убиството на Галиција предизвика политичка бура на Малта

Во документите беа споменати поранешни светски лидери како што се британскиот премиер Дејвид Камерон, украинскиот претседател Петро Порошенко, грузискиот премиер Бидзина Иванишвили, аргентинскиот претседател Маурисио Макри или лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Емиратите.

Убиството на Галиција предизвика политичка бура на Малта и го привлече меѓународното внимание врз полицијата и судството таму. Тројца мажи беа осудени за убиство, а двајца од нив беа осудени за набавка на бомба, пишува Ројтерс.

Но, бизнисменот Јорген Фенех, наследник на империја за недвижности со хотели и казина, вчера беше ослободен со одлука на поротата со 8-1. Фенех беше обвинет за соучество во убиство и криминален заговор за извршување убиство.

Обвинителите не можат да поднесат жалба на пресудата, освен во исклучителни правни околности, објавува Ројтерс. За време на судењето, кое траеше нешто помалку од два месеци, обвинителството тврдеше дека Фенех сакал Дафне Каруана Галиција да биде мртва затоа што имала намера да открие информации за него.

Синот на Дафне Каруана Галиција, Метју, на Фејсбук го изрази своето разочарување од „ужасната одлука на поротата“ од која Малта „можеби никогаш нема да се опорави“. „Тие имаа голема одговорност да ја задоволат правдата. Но, ги измија рацете од тоа“, напиша тој.

Опозициската Националистичка партија одржа „тивок протест“ пред канцеларијата на Абела во текот на ноќта. Лидерот на партијата Алекс Борг повика на вонредна седница на парламентот по темата на пресудата. „Сега знаеме дека атентатот врз Дафне Каруана Галиција бил планиран од таа зграда“, рече Борг, покажувајќи кон канцеларијата на премиерот.

Фенек ги негираше обвиненијата, а неговата одбрана го обвини неговиот поранешен близок пријател Кит Шембри, поранешен началник на кабинетот на тогашниот премиер Џозеф Мускат и честа цел на статии на блогот на Каруана Галиција, за убиството.

Мускат е член на Лабуристичката партија на Абела и поднесе оставка по убиството на новинарката. Полицијата му кажа на судот дека Шембри никогаш не бил осомничен и дека негира каква било улога во убиството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лос Анџелес добива голем музеј посветен на уметноста на Џорџ Лукас (ФОТО)

Иако патувањата до далечните галаксии од филмовите на Џорџ Лукас се уште се недостижни, неговиот Музеј на наративна уметност, кој се отвора во Лос Анџелес во среда, даде подетален поглед на уметноста и приказните зад франшизата „Војна на ѕвездите“.

Лос Анџелес добива голем музеј посветен на уметноста на Џорџ Лукас (ФОТО)

„Ова е голем ден за нас бидејќи ни требаше многу долго време за да го постигнеме ова“, рече Лукас на медиумски настан пред отворањето на музејот за јавноста на 22 септември.

„Тоа е нешто за кое навистина, навистина се грижев, во однос на оддавањето почит на илустраторите. Уметници кои цртаат приказни што веќе се напишани“, додаде 82-годишниот режисер.

Мала група посетители имаа можност првпат да го погледнат кампусот на четири хектари во Изложбениот парк посветен на наративната уметност. Рајан Линкоф, виш куратор на музејот и директор на филмските програми, го опиша како „уметност на илустрирање приказни“.

Колекција од дел во музејот

Музејот содржи зелени површини и зграда со површина од 27,8 илјади квадратни метри со галерии, две кино сали, библиотека, ресторан, кафуле, продавница и социјални простори, пишува Ројтерс.

Неговата колекција вклучува дела од стрип уметникот Џек Кирби, сликарот Норман Роквел, уличниот уметник Бенкси и илустраторот Кадир Нелсон, заедно со архивата на Лукас од модели, реквизити, концептуална уметност и костими.

За сопругата на Лукас, Мелоди Хобсон, коосновач на музејот, новата институција е подеднакво за заедницата колку и за уметноста.

„Им кажувам на луѓето дека Музејот на Лукас е место создадено од луѓето за луѓето“, рече таа на церемонијата, парафразирајќи го познатиот говор на американскиот претседател Абрахам Линколн во Гетисбург.

Се отвора на крајот од месецот

Ма Јансонг, архитект и основач на студиото MAD Architects, лидер во креирањето на футуристичкиот дизајн на музејот, рече дека многу му значело да создаде нешто толку посебно со Лукас во Лос Анџелес.

„Беше задоволство да се работи на овој проект со Џорџ. Тој е сонувач. Тој прави филмови. Сега го остваруваме тој сон. Тоа е и мојот сон. Знаете, создавање нов симбол на Лос Анџелес, овој град на соништата“, рече тој.

Иако отворањето на музејот подоцна овој месец претставува пресвртница за Трејси Бејтс, извршен директор на Музејот на наративна уметност Лукас, таа нагласува дека неговиот успех ќе се мери низ генерациите, а не на денот на отворањето.

„Ова е изградено за да биде долгорочна институција. Ќе живее долго по Џорџ, Мелоди и мене, па затоа вистинскиот успех е всушност да се биде дел од културната заедница на Лос Анџелес долго време“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер