Волво ја ограничи максималната брзина на новите модели на 180 км/ч

Шведскиот произведувач смета дека таа одлука ќе допринесе за приближување до зацртаната цел- веќе никој да не загине и да не биде тешко повреден во Волво автомобил.

Откако минатата година најави дека ќе ја ограничат брзината во своите нови модели на 180км/ч, Волво го одржа ова ветување.

Освен тоа, Волво на купувачите ќе им понуди и опција за додатно лимитирање на максималната брзина. На пример, доколку автомобилот е наменет за неискусни возачи, ограничувањето на брзината може да биде лимитирани од под 180км/ч.

Од шведскиот произведувач велат дека овие мерки праќаат силна порака за тоа колку брзината негативно влијае на безбедноста во сообраќајот.

Како аргумент за воведување на ограничување на брзината, шведскиот произведувал истакнува дека според важечките прописи во поголем број од земјите пропишаната  максимална брзина е значително под 180 км/ч.

притисни ентер