Волво ги почести Британците со својот најсилен бензинец

Само за Британскиот пазар , Волво го понуди својот најсилен бензинец , без хибридна опција.

Волво излезе со понуда за британскиот пазар на моделите S90, V90 и XC90 со T5 мотор. Станува збор за 2,0 литарски четирицилиндерски турбо мотор базиран на Т8 Twin-engine хибрид , но без електрична асистенција. Овој Т5 развива 252 KS со 350 Nm момент на вртење , што го прави посилен од која било досега бензинска и дизел варијанта.

Во седан S90 овој Т5 овозможува забрзување од 0-100 km/h за 6,8 секунди со максимална брзина од 225 km/h со комбинирана потрошувачка од 5,5 l/100 km.

Во V90 T5 од 0 - 100 km/h се забрзува за седум секунди , додека на V90 Cross Countri му се потребни 7,4s со иста потрошувачка на бензин како во седанот.

За разлика од нив , XC90 забрзува за 7,9s, a потрошувачката му изнесува 6,5 l/100 km. Нема најави за понуда на овие модели на Волво и во другите земји низ Европа.

Топлотен бран од Африка пристигнува во Македонија

На Македонија во наредниве денови и се заканува екстремно топло време со летни температури над 30 степени, нешто што е невообичајно за овој дел од годинината.

Долнително песочен облак од Сахара, кој веќе прави проблеми во соседна Грција ќе дојде и во земјава. На оваа тема ја вклучуваме Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

Што велат метеоролозите, кога пристигнува топлото време?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица - инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица - инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ, соопшти денеска МВР.

Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, како што стои во соопштението, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

- Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра. Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, појаснуваат од МВР во соопштението.

Се уште е мистерија убиството на матичниот лекар во поликлиниката „Железара“

Во куќен притвор остануваат двајца од приведените осомничени во врска со убиството на лекарот Ацо Трпковски во скопската населба Железара.

Скопскиот Кривичен суд соопшти дека се работи за мерка која ја побарало скопското обвинителство. И двајцата се осомничени за убиство, со првичната побарана мерка од синоќа остануваат во притвор 48 часа.

-Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за опредлеување мерка краткотраен куќен притвор против Г.Д. и И.Д. за кои постои сомнение за кривичното дело Убиство од чл. 123 ст. 1 се прифаќа и им се определува 48 часовен куќен притвор.- Основен Кривичен суд Скопје

Техничкот министер за внатрешни Тошковски вчера информираше дека е приведено уште едно лице под сомнение дека е поврзано со убиството на лекарот. Но засега нема информација дали и за него ќе се бара некоја мерка.

Други нови детали од скопското обвинителство не откриваат. Според првичните сознанија, мотивот за убиството не е поврзан директно со професијата на убиениот. Шеесет и седумгодишниот лекар минатата недела беше пронајден во неговиот автомобил паркиран пред поликлниката Железара избоден до смрт со девет убоди. Го пронашле неговите синови кои заминале на работното место на нивниот татко бидејќи не се вратил од работа по завршувањето на втората смена во ординацијата.

притисни ентер