Волшебниот Роналдо го елиминираше Атлетико, дебакл на Шалке на Итихад во Манчестер - Канал 5

Волшебниот Роналдо го елиминираше Атлетико, дебакл на Шалке на Итихад во Манчестер

Познати се уште двајца патници во елитното четврфинале во фудбалската Лига на шампионите. Волшебниот Кристијано Роналдо со три гола го елиминираше грогираниот Атлетико Мадрид, а Манчестер Сити беше убедлив против германскиот Шалке.

Волшебниот Роналдо го елиминираше Атлетико, дебакл на Шалке на Итихад во Манчестер

Италијанскиот шампион Јувентус предводен од извонредниот Кристијано Роналдо со 3-0 го победи Атлетико мадрид во осминафиналниот реванш од Лигата на шампионите и со вкупен резултат од 3-3 си обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи на Стариот континент.

Фудбалерите на „Старата дама“ во вистински момент одиграа фантастичен натпревар и заслужено се пласираа во четвртфиналето на елитното натпреварување. Избраниците на Алегри иако имаа голема негатива од првиот меч во Мадрид загубија со 2-0 , со маестрална игра пред домашната публика се издигнаа од тешката состојба и извојуваа голема победа од 3-0 над секогаш незгодниот и цврст Атлетико Mадрид.

Апсолутен херој на Јуве беше суперѕвездата Кристијано Роналдо со осмиот хет- трик во Лигата на шампионите, Ронадло го совлада Облак во 27, 48 и 86 минута.

На дуелот на Итихад во Манчестер, граѓаните го декласираа германскиот Шалке со убедливи 7-0.

Четата на Гвардиола одигра неверојатно добра натпревар на домашен терен и оствари рекорден триумф во елитното натпреварување. Шалке доживеа вистинска катастрофа на Итихад, Сите го доби реваншот со 7-0 и сосема заслужено отпатува во елитното четврфинале на Лигата на шампионите.

Стрелци за Манчестер Сити беа дури седум фудбалери и тоа: Агуеро 35 , Сане 42, Стерлинг 56, Силва 71, Фоден 78 и Жезус во 85 минута.

Вечерва по осминафиналните реванши во Минхен и Барселона ќе бидат познати и последните две екипи патници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. На Алианц арената во Минхен Баерн е домаќин на Ливерпул, во првиот меч немаше голови, а на Ноу камп Барселона ќе го пречека францускиот Лион кој успеа да остане непоразен на домашен терен , играјќи против голамата Барса 0-0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации

На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуации

Денеска (02.10.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност „Не биди нем сведок“, при што во непосредна комуникација граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, мерките за заштита и за начините како да се препознае психолошко насилство, како и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на насилство.

Во Кавадарци пак, беше реализирана превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави. Полициски службеници од СВР Велес и Полициската канцеларија Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби и подобрување на взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, во рамки на кои граѓаните се запознаа со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност.

На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата и последиците кои може да настанат од возење под дејство на алкохол, при што на возачите им беше потенцирано дека се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и сигурно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Скопје, Куманово и Штип, акцентот на превентивните активности го ставија на безбедното учество во сообраќајот на пешаците и возачите на мотоцикли и елктрични тротинети. Во ООУ „Св. Климент Охридски” во Делчево, полициски службеници од ПС Делчево и РЦГР Исток им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно.

Вчера (01.10.2026) во компанијата „Костал“ во Охрид, Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други служби реализираа показна вежба за евакуација во услови на случен земјотрес и пожар. Вежбата имаше превентивен карактер, со цел координација и заедничко поефикасно делување на тимовите од надлежните служби за брзи и ефективни реакции при земјотреси и пожари и смалување на негативните ефекти од овие појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Светската програма за храна (WFP) денес објави дека гладот ​​во Јемен се влошува и дека рекорден број луѓе не можат да ги задоволат своите потреби за храна поради ескалацијата на конфликтот во земјата.

„WFP“: Гладот ​​се влошува

Јемен се соочува со најтешката ескалација на конфликтот меѓу Саудиска Арабија и движењето Хути, поддржано од Иран, откако примирјето постигнато со посредство на ОН во 2022 година во голема мера ги запре прекуграничните напади, пренесе Ројтерс.

Обновениот конфликт веќе доведе до раселување на десетици илјади луѓе и би можел да ја промени рамнотежата на силите во Јемен, со последици по поморските патишта во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб.

Во областите под контрола на владата до кои „WFP“ има пристап, рекорден број луѓе ја изгубиле можноста да ги задоволат основните потреби за храна за само неколку недели.

Три од четири домаќинства прескокнуваат оброци, изјави Метју Холингворт, помошник-извршен директор на „WFP“ за програмски операции.

Околу 10 милиони луѓе живеат во областите под контрола на владата.

„Последиците од ова најново влошување на безбедносната ситуација врз безбедноста на храната се закануваат да бидат апсолутно катастрофални“, им рече Холингворт на новинарите во Женева преку видео-врска од Рим.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина Карпош

Општина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.

Неговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина Карпош

На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница.

По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер