Волонтерите на НАСА ја завршија мисијата за симулација на живот на Марс - Канал 5

Волонтерите на НАСА ја завршија мисијата за симулација на живот на Марс

Волонтерите на НАСА кои поминаа повеќе од една година во бункер кој симулира услови на Марс, денеска ја завршија својата мисија.

Волонтерите на НАСА ја завршија мисијата за симулација на живот на Марс

По 378 дена во 3Д-печатен бункер кој ги имитира условите на Марс, лоциран во Тексас, Кели Хејстон, Анка Селарио, Рос Броквел и Нејтан Џонс излегоа надвор.

Волонтерите беа дел од мисијата на НАСА за истражување на здравјето и перформансите (CHAPEA), која започна на 25 јуни минатата година, пренесува Sky News.

За тоа време, тие симулираа операции на мисијата на Марс, вклучувајќи одење на планетата, одгледување и јадење сопствен зеленчук, одржување на нивната опрема и живеење во услови слични на оние на Марс, соопшти НАСА.

Ова вклучуваше одложувања во комуникацијата со Земјата, ограничени ресурси и изолација.

Овој екипаж е првиот од тројцата што преземаат такви мисии во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, Тексас.

Ова го означува крајот на првата планирана програма, која има за цел да ја подготви американската вселенска агенција да испрати екипаж на Марс.

НАСА сè уште планира враќање на Месечината, за која се надева дека ќе послужи како отскочна даска за истражување на Марс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канцеларот Мерц се огласи по дебаклот на изборите: Многу боли

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“.

Канцеларот Мерц се огласи по дебаклот на изборите: Многу боли

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по изборниот пораз на Христијанско-демократската унија (CDU) во германската покраина Саксонија-Анхалт, изјави дека успехот на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) предизвикал „тектонско потресување“ на партискиот систем и предупреди на можноста за формирање „десничарска екстремистичка влада“ во покраината.

На состанокот на федералното претседателство на CDU, Мерц рече дека неговата партија мора сериозно да се соочи со изборниот пораз и да признае дека не успеала да најде „емоционален пристап“ кон граѓаните или да ја обезбеди нивната поддршка, објави Bild.

„Ова ја потресува нашата партија до темел. Не можеме да продолжиме како ништо да не се случило, ниту јас ниту федералната влада“, нагласи Мерц.

Тој оцени дека CDU „драматично ги загубила“ изборите, кои, според него, претставуваат „длабока пресвртница“ за партијата.

Германскиот канцелар нагласи дека CDU мора отворено да разговара за проблемите, но и да го одржи единството, предупредувајќи ги членовите да не ѝ штетат на CDU со давање јавни изјави против партијата.

Мерц оцени дека целта на АфД е „целосно уништување на ЦДУ“ и повтори дека „нема соработка“ со таа партија, наведувајќи дека ЦДУ цврсто останува на политичките темели на поранешниот германски канцелар Конрад Аденауер, основач на ЦДУ и поранешен германски канцелар Хелмут Кол.

Поразот на ЦДУ го коментираше и премиерот на Саксонија-Анхалт Свен Шулце, кој рече дека е „крајно разочаран“ од резултатот.

Според него, кампањата била „крајно тешка“, додека АфД, како што тврди, користела различни методи и водела кампања со невидена сериозност, која успеала да мобилизира голем број граѓани кои претходно не гласале.

„Многу боли, но мора да го прифатиме“, рече Шулце.

Алтернативата за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, вчера оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт со 43,8 проценти од гласовите, но не успеа да освои апсолутно мнозинство, додека Христијанско-демократската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија преку ноќ.

Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела - барем двојно повеќе од 20,8 проценти што ги освои на изборите во 2021 година, CDU сега има 17,2 проценти од гласовите, во споредба со 37,1 процент на претходните избори, а Социјалдемократската партија на Германија (SPD) доби 9,3 проценти од гласачите, во споредба со 8,4 проценти, објави Билд утрово.

AfD, според прелиминарните резултати, повеќе од двојно го зголеми својот удел во гласовите, од 20,8 проценти во 2021 година на 43,8 проценти, што е најдобриот резултат што една партија го постигнала на покраински избори во Германија во последните десет години.

Излезноста беше 77,8 проценти, во споредба со 60,3 проценти во 2021 година, што е највисока излезност во Саксонија-Анхалт од повторното обединување на Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска објави дека пред претстојните натпревари од првото коло на Лигата на шампионите ќе се одржи минута молчење во спомен на загинатите во поплавите во Непал.

УЕФА: Сите натпревари ќе почнуваат со минута молчење

Натпреварите од првото коло на Лигата на шампионите ќе се играат од вторник до четврток.

„Како знак на солидарност и поддршка, пред почетокот на сите натпревари од Лигата на шампионите ќе биде одржана минута молчење и ќе биде истакнат транспарент на кој ќе пишува: „Не си сам, Непал“, соопшти УЕФА.

Според најновите бројки, повеќе од 1.300 луѓе загинаа во поплавите во Непал, кои ја погодија земјата на 26 август, додека околу 5.000 се водат како исчезнати.

„Целото европско фудбалско семејство е обединето пред натпреварите што се играат оваа недела за да изразиме најдлабоко сочувство и поддршка до народот на Непал. Им посакуваме сила и упорност да се опорават од оваа голема трагедија и нејзините последици“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)

Во центарот на Рим, се урна кат од деловна зграда, но за среќа четири лица беа спасени, соопштија властите.

Се урна кат од зграда во центарот на Рим- спасувачите извлекуваат преживеани од урнатините (ВИДЕО)

Зградата на Виа Кола ди Риенцо, во која се наоѓаат продавницата „Норт Фејс“ и хотелот „Консоли“, моментално е затворена поради несреќата, според агенцијата „АднКронос“.

Хотелот е во процес на реновирање.

Директорката на противпожарната служба, Беатрис Танци, изјави дека таванот помеѓу приземјето и првиот кат делумно се урна. Иако четири лица беа спасени, екипи со кучиња трагачи и специјалисти кои го пребаруваат подрачјето сè уште бараат.

Таа додаде дека во тек се работи за реновирање во хотелот „деи Концоли“ и истакна дека не е исклучено „натрупаниот материјал“ на градилиштето да ги „преоптоварил подовите“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер