Volkswagen повлекува 38.000 возила поради проблем на педалите за кочење - Канал 5

Volkswagen повлекува 38.000 возила поради проблем на педалите за кочење

Volkswagen е принуден да повлече илјадници нови автомобили од пазарот поради проблеми со педалите на сопирачките, потврди портпаролот на германскиот автомобилски гигант.

Volkswagen повлекува 38.000 возила поради проблем на педалите за кочење

Околу 38.000 автомобили Голф, Тигуан, Туран и Т-Рок од оваа година ќе бидат повлечени. Нешто помалку од 17.600 возила се наоѓаат на домашниот германски пазар.

Не се забележани штети или несреќи поради неисправните педали, додаде VW.

За време на внатрешните прегледи на возилото, инженерите откриле дека плочата за педали на која се потпира ногата на возачот за време на сопирањето, во некои околности може да биде искривена или дури и одвоена од подот. Проблемот е забележан кај автоматските автомобили и возилата прилагодени за возење по левата страна на патот.

Во Европа, на левата страна се вози во Велика Британија, Ирска и во Кипар и Малта. Меѓу другите земји, левото правило важи и во Јапонија.

Повлечените возила треба да се проверат и поправат доколку е потребно. Германската федерална управа за автомобили го надгледува процесот на повлекување и објасни дека акцијата е иницирана поради „неисправен заварен спој“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски се сретна со бугарската шефица на дипломатијата, Петрова-Чамова, коридорот VIII во фокусот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Муцунски се сретна со бугарската шефица на дипломатијата, Петрова-Чамова, коридорот VIII во фокусот

На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Министерот Муцунски ја оцени средбата како конструктивна и одржана во позитивен дух, притоа нагласувајќи дека позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени.

Во однос на европската интеграција, Муцунски посочи дека меѓу двете страни постои висок степен на недоверба, која, од наша перспектива, е поврзана со предвидливоста на процесот и со досегашното искуство со билатералните барања.

„Нашите позиции се апсолутно јасни. Стратешки интерес и на Бугарија е ние да се движиме напред по европскиот пат. Но, ние сме земја која низ годините постојано се соочувала со билатерални барања. Кога ќе се затворело едно билатерално прашање, потоа се отворало ново“, истакна Муцунски.

На средбата беше разговарано и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, при што беше потврдена подготвеноста комуникацијата да продолжи и покрај постојните разлики во позициите.

Министерот нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Тој истакна дека без дијалог не може да се дојде до решение, но и дека самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница пред Градско собрание во Германија- полицијата го неутрализира напаѓачот

Градското собрание во германскиот град Тутлинген е опколено, а пошироката област околу зградата е блокирана. 

Пукотница пред Градско собрание во Германија- полицијата го неутрализира напаѓачот

Полицијата распореди сили околу градското собрание, а денеска околу пладне потврди дека имало „употреба на огнено оружје“. Според весникот „Билд“, полицајците пукале во лице кое претходно наводно го извадило своето оружје.

Криминалната полиција на Германија од Баден-Виртемберг ја презеде истрагата. Портпаролката Александра Вишер изјави за „Билд“ дека засега можат само да потврдат дека полицијата употребила огнено оружје и дека едно лице е погодено. Полицијата сè уште не објавила дали повредениот им подлегнал на повредите. Вишер најави дека повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот.

Сè уште не е официјално потврдено што точно се случило пред градското собрание на улицата Хелферајшер. Весникот „Швабише“, повикувајќи се на сведоци, наведува дека лице со оружје претходно било пред зградата или во самата зграда.

Тешко вооружени полицајци во заштитна опрема потоа пристигнале на местото на настанот. Сведоци на пукотницата му кажале на порталот дека слушнале вкупно пет истрели. Полицијата ги предупредила граѓаните преку WhatsApp да ја избегнуваат областа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Розов октомври - симболичен појадок за хоспитализираните пациенти

Во рамки на Розовиот октомври здружението „Хема-Онко“ утрово организираше симболичен појадок за хоспитализираните пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Розов октомври - симболичен појадок за хоспитализираните пациенти

Според нивната статистика во текот на минатата година биле регистрирани околу 1.000 новодијагностицирани пациенти само со рак на дојка, додека на онкологија во моментов се лекуваат околу 7.000 пациенти на активен третман..

Од здружението изразија задоволство што што годинава функционира и тумор-бордот, односно тим кој одлучува за најсоодветното лекување за секоја пациентка поединечно, но, порачаа дека проблемите со кои се соочуваат пациентите со канцер на дојка се комплексни и дека се потребни системски решенија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер