Volkswagen на работниците им подели рекордни бонуси од речиси 5 000 евра

Volkswagen ја затвори минатата година со раст од 2,6% во продажбата.

Иако пазарот на автомобили објави дека влегува во рецесија, особено со падот на продажбата во Кина, Фолксваген продолжи да расте и минатата година. И, најодговорни за растот се работниците, велат во Фолксваген, така што секој работник ќе добие награда, бонус од 4950 евра.

„Вработените во Фолксваген уште еднаш покажаа силна тимска работа во 2019 година. Тие беа клучни за деловниот успех на Фолксваген“, изјави Херберт Дис, првиот човек на Фолксваген.

Фолксваген најави дека оваа година ќе биде пресвртница. "Бонусот одразува успешна 2019 година. За 2020 година очекувањата може да бидат ограничени. Трансформацијата бара посветеност, флексибилност и ефикасност. Не само со коронавирусот, економијата и Фолксваген се соочуваат со многу предизвикувачка година", предупредува Гунар Килијан од администрацијата на Фолксваген.

Бонусот се заснова на пресметки за период од две години, при што првиот дел од 1.690 евра се исплаќа со платата за ноември 2019 година. Остатокот од 3260 евра ќе биде исплатен со платата за мај.

Инаку ,  работниците добија бонус од 4750 евра минатата година , а една година пред тоа , 4100 евра.

притисни ентер